April 19, 2024, 10:11 pm

Костов: Договорот за добрососедство треба да се замрзне, бидејќи ние не наидовме на добрососедство, и треба да размислуваме за друга алтернатива

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Сотир Костов, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, посочи дека очекува Бугарија да ја искористи картата на која играше и Грција, бидејќи нема да отстпат од нивните романтични сонови. Поради тоа, смета Костов, Договорот за добрососедство треба да се замрзне и да се размисли за алтернатива

„Да потсетам, јас се сеќавам дека Грција никој не ја поддржуваше. Грција ни ја зеде утакмицата два пати по 15 минути, немаше ни пенали, го изгубивме името. Искуствоото ме учи дека Бугарите играат на таа карта, ќе одолговлекуваат. Тие немаат ѓон, немаат образ, мислам политчки, морално, во однос надржавната политика. Тие не отстапуваат од нивните романтични сонови од 17ти век. Ние прво што треба да направиме е да им соопштиме директно дека го замрзнуваме Договорот за добрососедство, бидејќи не најдовме добрососедство. Не не поддржуваат во Европската унија, нѐ кочат, ни стават сопки. Ќе појде наша делегација во Брисел и вака ќе им каже: Ако вака не привлекувате ов Европа, блиски, а сепак далечни, ни кажувате дека тоа е билатерално, а ваму мултилатерално не можеме датум да добиеме, ние моментално ќе се премислиме за нашите понатамошни стратешки размислување на правци и односи. На што целам, Евроазиски интеграции, Кина, Русија. тоа се три велесили поголеми од Европската унија и Соеднинетите американски држави заедно“, истакна Костов додавајќи дека Македонија мора да има резервен план, план Б.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This