Костов: Договорот со Бугарија не е договор за добрососедство, туку за понижyвање и тој договор треба да се замрзне

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарто Сотир Костов, во своето гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, зборувајќи за евроинтегративниот пат на Македонија, истакна дека не очекува да добиеме датум за отпочнување на преговори.

„Проблемот потекнува од 1860 односно 1872/72 година кога е на правена бугарската црква која сакаше да ни го бугаризира народот ловејќи ги нашите Македонци кои бегаа од елинизација и грцизација. Егзархијата ја зеда таа улога. Кога на егзархијата ќе го додадеме врховизмот, па владите на Бугарија воо последните 100 години, историографијата, историчарите и т.н. политичари, сѐ е јасно. Никој не сака да учи. Бугарија сака да ни украде историја, прво, јазик, култура, традиција.. Па што очекувате да не признаат. Тие нигогаш нема да не признаат. Па сега каде грешиме во политиката и дипломатијата? Кога тие сакаа да влезат во Европска унија требаше да потпишат со соседите, им потпишавме дека нема проблем. Како сега они имаат проблемм со нас? Не! Тие имаат проблем со самите себе, се додека во 21 век негуваат националисти, шовинисти, кои сега изгубија на изборите. Што е многу важно, поддржано е од бриселската демократија, а најмногу од Германија. Така да, верувајте ми, јас сакам од дното на душата во јуни да почне таа заедничка влада, но нема да почне. Во политиката, треба на рамна нога да си со другите, а не на некој да му потпишуваш бланко, а кога ќе ни треба нам да не понижува..“, коментираше Костов, додавајќи дека единствен начи да се реши спорот со Бугарија е да го замрзнеме договорот за добрососедство бидејќи тоа не е договор за добрососедство, тоа е договор за понижување на една држава, на народ, на јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This