Костов: За М-А-К-Е-Д-О-Н-И-З-М-О-Т

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колумната е за ловците во матно и сеачите на магла – домашни и инострани. За оние кои со примордијални и морбидни негации го негираат МАКЕДОНИЗМОТ поради прекумерна доза своеволно земана дрога на нихилизмот. За домашните пораки “Спознајте се себе си!“ и “Чувајте се!“(од недобронамерници и од зли луѓе). А за иностараните прво да научат кои се Македонците(и древните, и средновековните и денешните=на едни и исти), а потоа да шират злонамери,експанзионистички и шовинистички доктрини, теории и тези за “српски“, “грчки“ и “бугарски“ карактер на Македонците и Македонија. Колку “Да се знае, да се знаит!“.

ЈАЗИКОТ – МАКЕДОНСКИ – е колепката на МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА и ОСНОВНИОТ БЕЛЕГ на МАКЕДОНСКАТА САМОБИТНОСТ и МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ. Затоа, ние Македонците сме должни да го доразјасниме парадоксот на времето во кое живееме: За нас, и според записите на сите преродбеници од 19от век, и според расудочните препораки на мудрозборците во нашиот културен простор(од Јоаким Крчовски, Кирил Пејчинович, Теодосија Синаетски, преку Димитар Миладинов, Јордан Хаџи Константинов Џинот, Григор Прличев, Константин Миладинов, Рајко Жинзифов, Ѓоргија Пулевски, до Крсте Петков Мисирков, Блаже Конески и Круме Кепески), НАЦИЈАТА и ЈАЗИКОТ се СИНОНИМИ, а ЈАЗИКОТ и ТАТКОВИНАТА ЕДИНСТВО БЕЗ КОЕ НЕ СЕ МОЖЕ.

Но ловците во матно и сејачите на магла, неуморно, пакосно и злокобно дејствуваат. Во најново време се почести се нападите на македонската нација, а тие, всушност се негации на македонскиот јазик, на неговата литературна норма, на неговата дејствена улога и на неговата живототворност. Напад на МАКЕДОНИЗМОТ во целост. Не случајно претседателот Ѓорге Иванов мобилиризарчки ќе ни се обрати: ‘’Јазикот е нашиот национален и културен бедем пред сите негатори на нашиот идентитет и на нашата самобитност’’. Затоа, на сите нив(ловците во матно и сејачите на магла) почитуваниот Гане Тодоровски уште пред цели 22 години им порача: Аферим, мрсници ни едни, сеедно како се викате – какол ли, некакол, премногу бре сте ја закаколиле. Вашите панаѓурски знаења за македонскиот јазик се нус производ на вашата неуроза, неуроза на морално деградирани луѓе.

Денес и овде, јас, со пиетет изјавувам дека МАКЕДОНИЗМОТ, виден преку симетријата на: ЈАЗИК(МАКЕДОНСКИ), НАЦИЈА(МАКЕДОНСКА) и ДРЖАВА(МАКЕДОНСКА), е највисок домољубен чин. Впрочем, тоа е и пораката и поуката на нашите светилници: ВМРО, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ИЛИНДЕН, МИСИРКОВ, РАЦИН, НОБ, АСНОМ, КОНЕСКИ.

И сега За јазикот македонски само едно: Јазикот и писменоста се народот и нацијата.

За нацијата македонска: Македонец, пред се е етнографоним, име на народ, на етничка група, а се разбира и графоним, име добиено според името на географска област.

За државата Македонија: Држава создадена во согласност со Традицијата на Крушевската Република, Одлуките на АСНОМ и Одлуките на референдумот од 8 септември 1991година. Конституирана како Република Македонија, како самостојна и суверена држава. Негирањето на овие наши македонски светилници, всушност се примордијални и морбидни негации на македонските суштини, направени под влијание на прекумерна доза своеволно земена дрога на нихилизмот. Нив најдобро ќе ги сузбиеме со нашите преродбеници, кои сите на глас тврделе дека не се ниту Срби, уште помалку Грци, најмалку пак Бугари: Со Кирил Пејчиновиќ и неговиот запис на камен од почетокот на 19от век, поточно од 1807 година: ‘’Да се знае, да се знаит!’’. Со Григор Прличев: ‘’Спознај се себе си!’’, ‘’Чувај се себе си!’’. – многу јаки пораки за наше самоспознавање и национално освестување. И секако, со Константин Миладинов: Свесен за својата етничка припадност, која се разликувала од Бугарската, Грчката и Српската, преку своето творештво, работи на термините: Македонец – за себе; македонски – за своите песни; и Македонци – за своите сонародници. Треба ли и кому, уште да докажуваме. Не!

Се е јасно. Македонски јазик, македонска нација, македонска држава – постојат. Толку, би рекол големиот македонист, Ефтим Клетников. Тоа е тоа, би додал ненадминатиот музички виртуоз, Влатко Стефановски.

И да се знае: Јазикот македонски е на првото место при националната идентификација. До него се етногенезата, т.е. потеклото на македонскиот народ/нација. И секако, личното чувство за припадност на секој Македонец посебно и на сите заедно. Ама да се знае и ова: Јазикот македонски и писменоста на населението, се народот македонски и нацијата македонска.

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This