April 26, 2024, 12:27 pm

Костов за пуштањето на Рашковски: Тоа е проверен систем, Заев изјавува нешто, обвинителството и cyдството извршуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот Сотир Костов, во своето гостување во емисијта „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, ја кометираше одлуката на судските органи да го пуштат обвинетиот Драги Рашковски во домашен притвор и покрај тоа што постојат индикации дека ќе прикрие докази, како што веќе направи со препишувањето на сопствениот имот на неговите малолетни деца. Костов истакна дека пуштањето на Рашковски е под притиск на премиерот Заев кој во неколку наврати јавно изјави дека неговиот сопартиец и близок соработник не е виновен.

„Не ѝ верувам на Русковска дека Рашковски ја злоупотребил функцијата“, изјави Заев по апсењето на Рашковски.

Костов посочи дека ваквата изјава е директен притисок од страна на премиерот врз судството, исто како што беше во случајот со СЈО и Катица Јанева. Заев ќе најавеше нешто на некој митинг или собир, по што Катица и „ангелите“ на СЈО ќе спроведеа.

„Тоа е проверен систем, Рашковски веќе не е во затвор.“, додава Костов.

Костов откри дека постојат шпекулации дека Рашковски се заканил дека „ќе ја продолжи прикаската“, поради што и бил пуштен во домашен притвор.

„Тие работи ја прават корупцијата. Човек, позициониран на функцијата Генерален секретар, го држи Генералниот секретаријат на влада. Знаете ли што е тоа, тоа е влада во влада. Од сите министерства се собираат, и тие одлучуваат што ќе работи владата. Еве од каде тој диригирал овие софтвери, Инвока, кои не се користат. Измислил софтвер, си го купил самиот, за 81 000, поделил со Инвока, го пуштаат во притвор во време кога му се прошируваат истрагите и за други кривични дела“, истакна Костовов потсетувајќи дека кога го ставаа во притвор велеа влијае на сведоците, и да не ги сокрие делата.

„Рашковски не може тој сам да го направи. Чиј генерален секретар е? На владата, Кој раководи со Владата? Заев. Кој до скоро беше птпретседател? Анѓушев. Викаат во „играта“ Заев, Рашковски, Анѓушев, Вице…“, изјави Костов додавајќи дека кога Рашковски сфатил дека ќе биде жртвено јагне ја свртел работата во своја корист. Џабе работеше финансова, џабе истрагите, Антикорупциска, полицијата…

Костов потсети на сите афери во кои Драги Рашковски бил директно вмешан. Во 2017 Рашковски беше пријавен од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека незаконска промена на околу 1700 раководители во државни институции. Обвинителството не постапи по оваа пријава, со образложение дека Мицкоски не доставил докази, без притоа да отворат истрага и самите да побараат докази, како што се очекува да се постапи кога некој високо позициониран во власта е осомничен за незаконско постапување. Потоа, во 2019, Рашковски беше фатен дека е во „игра“ со приватна фирма во врска со најавените набавки на безбедносните системи, односно двата хеликоптери кои требаше на осум хелиодроми во Македонија да интервенираат во спасувачки мисии. И овој предмет се сокри и не се доработи. Следната афера беше „Ленонардо“ во кои фокусот треба да е кај Рашковски и поранешен министер во македонската влада, на кој роднина му беше еден од директорите во М-НАФ. Следната афера е со фирмата Инвока и големиот број договори во вредност од 42 000 до 80 000 евра што ги потпишува тајно. Овде се спомнуваа и некогиот кум, и кумашин. Исто така и аферата со софтверот за Академијата за судии и јавни обвинители…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This