КОСТОВ: Злонамерниот бугарски Zoon politikon повторно јава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште не сме добиле датум за преговори, а бугарските политичари ги покажаа забите. Ржат ли, ржат! Покажуват опасни симптоми на политичко мршојадство. Разбира се, одобрено од ЕУ, која нели ни вели “ЕУ за тебе“, во вид на “ќебе за тебе“. Се плашам ќебето да не е со смртоносниот бацил/вирус, оној што “инжењерите на смрта“од САД им го подметнаа на Индијанците. Дали сега некои од нашиве политички утки, сови и лилјаци конечно се разбудија, отрезнија и освестија во врска со бугарското зломислие?

Кој за што, бугарските политичари пак за својатење на Македонија и Македонската историја. Те Гоце Делчев бил нивен, а македонскиот јазик не постои…. и се така во недоглед, и повторно, и повторно, како тргнало до гроб. Е тоа ти е бугарска политика кон Македонија на сите времиња, од искон до вечност. Тоа ти е најпримитивна историја на балканското бесчестие, пројавено како “добрососедска политика на Бугарија“. Старо-ново бугарска врховистичка и егзархистичка школа, со ЕУ-шмек. Зошто ЕУ-шмек? Па бугарското вето веќе е реалност, ни порачува ЕУ. Демек, сме морале да се договориме со Бугарија за нашата македонска историја. Да бидам искрен ова и го очекував. Не очекував ама баш ништо добро од нивната политичка злонамера. Ги научив јас бугарските срцки какви мустри се уште 1983 година, кога со “Рибља чорба“ на концертите во Софија и Варна, им зборувавме на македонски јазик и им ги пеевме “Како је лепо бити глуп“ и “Остани ѓубре до краја“, а тие сечеа вени и паѓаа во несвест.
Знам дека за најголемиот број Македонци овој проблем не постои од следните причини: Постои Република Македонија, и постои Република Бугарија како две независни и самостојни држави; Тие се соседи и според редот на нештата се повикани да соработуваат; И за крај, и двете држави си имаат свој народ, своја историја, свој јазик, своја култура, своја традиција, секоја со посебна етногенеза. И толку.
Сето ова, сиот овој национален идентитет и државен суверенитет, е запишан во Уставот и на нашата држава и во Уставот на бугарската држава. Гарантиран е со меѓународното право и Повелбата на Обединетите Нации. И тоа – би запишал македонистот Клетников. Три години голем број историчари, политиколози, социолози, правници, колумнисти, аналитичари, професори, патриотски здруженија и еден до два академици, ова го истакнувавме, го браневме, море протестиравме, и не прифаќавме да е поинаку. Море не прогласуваа за лажни патриоти, и велеа дека денес не постои патриотизам. Не етикетираа како националисти, дури и клеро-националисти. Така етикетирани не симнаа безмалку од сите национални медиуми. Истото се случи и со провладините и приватните медиуми. На сите начини не гушеа и цензурираа, за да им поминат срамните и предавнички државни акти: спогодбата со Грција, договорот со Бугарија, антидржавниот референдум и насилничката промена на Уставот на Република Македонија. Но, ниту успеаја да не задушат и замолкнат, ниту пак им успеа цензурата. Се уште во сеќавање на македонската јавност и се сите петиции, меморандуми, манифести, тркалезни маси, форуми, прес конференции во врска со одбраната на македонското име, Уставот, јазикот, историјата, културата…. Овде само ќе потсетам на последната прес конференција на Македонски Манифест (март месец 2020г.) на која Ефтим Клетников, во име на сите членови на Манифестот и бројните подржувачи низ цела Македонија сублимираше: “Ние МАКЕДОНЦИТЕ никогаш не сме краделе туѓа историја, како што срамно тврдеше Зоран Заев; и за Македонците ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ отсекогаш бил, е и ќе остане МАКЕДОНЕЦ. Никогаш не бил, ниту некогаш ќе биде етнички Бугарин како што мисли и изјавуваше претседателот Стево Пендаровски“. И секако мора да се споменат масовно посетените трибини за Гоце Делчев, Васил Главинов и Димитар Влахов, организирани од Социјалистичката партија, на кои научно и историски се истакнаа просветителските и револуционерни дела на овие наши големи дејци. За цело време, за нашите македонистички ставови и тврдења, власта молчеше и ги игнорираше, а новинарско-колумнистички-аналитичарските апологети, мегафони и пит-були медиумски и финансиски ги мотивираше како најдолни денунцијанти да не етикетираат, навредуваат и понижуваат. И тоа го издржавме.
И што доживеавме? Стево Пендаровски прв да се освести, да проговори и да заклучи: “…Ако е тоа условот (да го предадеме Делчев и историјата македонска, не ни треба влез во ЕУ, под такви услови…“). Јас само би додал: Под таков понижувачки диктат неприфатливо е влегувањето во ЕУ. Добро, мамурно проговорија и некои колумнисти и аналитичари и толку. Дипломатот на 21от век – Димитров, го нема. Мукла од него. Ќе да е под јорган планина. Ако, таму и нека остане. А “нобеловецот“ и јанг од двоецот јин-јанг, реверсот, од анверс-реверс симбиозата и опачината од лице-опачина спојката Заев – Ципрас, на мотор сокриен во некоја шума, смислува најнова лага од македонскиот Пинокио. Неуспешен беше и обидот, метафорично би го нарекол политикантско-оросписки, на Шеќеринска, при лицемерното полагање на цвеќе на гробот на македонскиот великан Гоце Делчев, млади македонски чеда да навредува и понижува. Демек си правеле пи-ар, во моментот кога таа била ѕвездата. Целосно беше деконцентрирана, растревожена и потресена, поради зафатената сцена и одземеното внимание. Ми заличи на потемнета ѕвезда во стрмоглав пад – Полукс, женскиот дел од соѕвездието Кастор – Полукс, напуштена од машкиот Кастор – претседателот и Зоран Заев. А нели, таа се уште му е потпретседателка и тој треба да е џентлмен, да не ја остава сама “на милост и немилост на комитите“. Ама затоа сега има да фрчат кривични. Пред избори има и навивачките групи да се дисциплинираат.
Што на крајот да кажам за овие машинобравари на духот – домашниве денунцијанти и балканските (бугарските политичари) и ЕУ (бриселските бирократи) натрапници? Тие пак би да преговараат. Пуста судбина. Не стигна интелектуално-менталната состојба на последниот македонски филозоф Панта Реи (еден пратеник, интелектуален “татко“ на сегашниве заталкани сдсмовски чеда). Како негови достојни следбеници тие упорно, глупаво, апсурдно, противприродно, перфидно, перверзно, ступидно, лицемерно, бесчувствително, злосторнички, мајмунски, насилно, сакааат да ја измајсторисаат македонската судбина и нас со неа и да ја надитрат природата, прокрустовски (скрнави го името, згмечи го идентитетот, згази го суверенитетот, поништи го јазикот) да го средат општеството и се што е македонско во него. И конечно беспоговорно да ги исполнат музичките желби на грчките, бугарските и бриселските политичари: се да тече и се да се движи во полза нивна, а на штета на Македонија и Македонците. Не, тоа не смее да се случи! Тоа се баханалии и духовно насилство врз разумот. Таа трагедија на умот е поболна од било која клада, бесилка, гилотина, стрелиште. Сибир, Голи Оток, Дија Бекир и Гвантанамо се удобни бренд дестинации, во однос на тетовираната лузна на главата и душата, од променетото име, украдените дејци со историјата, поништениот јазик. Па тие се нашите најмакедонски прибежишта. Светилници во времето и просторот – сета наша Историја. Овој историски заговор на камелеони и далтонисти, на бездарници и медиокритети нема да го дозволиме. Моралниот кретенизам на бугарските политичари со индигнација го одбиваме. Интелектуалната тапост на домашните одродници ја анатемисуваме, а на избори и ќе ја поразиме. На бриселската политичка сурија и дипломатска глутница им велиме: Засрамете се од вашата тартиферија. И ги прашуваме – Не научивте ли од Волтер дека најголем морален грев е порокот да го истисне достоинството?

Треба да се знае дека политиката е дело на човечкиот, а не на анималниот свет. Некогаш е поблиска до ѓаволот, а друг пат до светците. Дека се разликува по своите намери и цели, рекол Аристотел. Макијавели додал дека се разликува во целите, но и по техниките како да се дојде до тие цели. Нашата мирољубива политика, со години и векови на ред, покажува дека zoon politikon сепак е човечко суштество. Ама дедјствијата и активностите кои политиката ја прават налудничава, неправедна, граблива, злокобна, безумна, мрачна, и во крајна линија, фашистоидно-комунистичка, и како таква е сурово лакома и грамзлива, чинам дека повеќе му припаѓаат на zoon politikon – како колектив на човечки животни, заглупавени уште од детската возраст на Хитлер јунгед одредите и комсомолските дружини. Толку.

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This