КОСТОВ: Караџовски со навредите покажа дека не поседува елементарна култура, ниту пак почит кон граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на дебатната емисија „Само вистина” гостуваше политичкиот аналитичар Сотир Костов, кој зборуваше за здравствената ситуација во Република Македонија како и начинот на справување со Ковид-19 вирусот.

Костов беше дециден дека прес-конференциите кои ги одржува министерството за здравство, министерот Филипче и претседателот на комисијата за заразни болести Караџовски водат политика, наместо да соопштуваат информации кои би ги интересирале граѓаните.

Според Костов, Караџовски на крајно некултурен начин се обраќа до јавноста и дрско ги навредува граѓаните на Република Македонија, односно сака да ги набеди дека граѓаните се виновни за пандемијата.

-На денешната прес конференција Караџовски покажа дека не поседува елементарна култура, ниту пак почит кон граѓаните. Користеше зборови кои ни на крај памет не смееше да ги изговори. Не може за се да се виновни граѓаните, кога граѓаните се тие кои што се најголема жртва поради неефикасните мерки кои се донесуваат од комисијата. Господинот Караџовски изминатите неколку месеци е политичар во обид, а не здравствено лице, вели Костов.

На денешната прес-конференција на министерството за здравство, претседателот на комисијата за заразни болести Караџовски на недоличен начин се обрати кон јавноста и ја навредуваше низ низа примери, кои не доликуваат на еден пред се возрасен човек, а потоа и здравствено лице. Очигледно е дека донесувањето на погрешни одлуки изминатиот период резултираат со видлива нервоза и истурање на бесот врз народот. Дали граѓаните и покрај почитувањето на мерките пропишани од комисијата за заразни болести се вистинските виновници за пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот?!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This