Костов: Ова му е втора гpeшка на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5, Сотир КОстов, кометирајќи ја лидерската средба помеѓу премиерот и претседтел на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која се одржа вчера и на која беше договорено одложување на пописот, изјави дека премиерот направи грешка што не ги покани на средбата и лидерите на другите политички партии во Македонија.

„Лично мислам дека Заев требаше да ги покани сите претседатели на парламентарните партии. Ова му е втора грешка. И кока договараше за Влада директно отиде кај ДУИ, ги рипна и ВМРО и Алтернатива и Алијанса и Левица и сите. Не ги удостои, вторпат му се случува. Парламентаризмот бара респект, бидете вие побетник, можеби сум јас губитник, ама на маса треба да разговараме. Демократијата е разговор, дијалог. Лично добро беше Заев и Мицкоски да ги видиме на маса заедно, па малку и македонскиот народ да види дека тие не се само караат.“, кометираше Костов.

Тој додаде дека на маса со Мискоски и Заев требаше да седнат и претседателот на Собранието Џафери и претседателот на државата Пендаровски, место да се препукуваат со министрите.

„Малку респект треба да се има и кон опозицијата“, рече Костов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This