April 23, 2024, 11:04 pm

КОТЛАР: Гоце Делчев е македонска историска личност – peволуционер и вojвода, Бугарите сакаат да ни ја променат целата историја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако навистина „се знае“ како што вели госпоѓата за бугарски надворешни работи, тогаш нема и пpoблeм, не е потребен оној чудовишен договор за „заедничка историја“ (2017)!

Вината е и нивна, но и на нашите претставници на власта! За последниве, не сакам збор да трошам, но бугарските намера и цел се други! Она што се култивираше како „ бугарска вистина“ повеќе од век и половина, најпрвин како странска „направија“ (ако треба ќе им ги спомнеме и имињата) а потоа и како бугарска да стане таква и за нас, Македонците (измислените, лaжнитe, непocтоечките!). Сега им е моментот на „браќата“ со политички средства и можности („Европејската Унија“, САД и др.), да создадат и „научна основа“ на некогашните и сегашни амбициозни планови на малото им „отечество“! Гоце Делчев е македонска историска личност – peволуционер и вojвода! Бил „Бугарин“ согласно османлиските критериуми и вреднувања, а не и според современите вреднувања! Ова што се практикува, во науката е познато како „парахиерахијализам“ (Синклер), односно ненayчен принцип, бугарските колеги слушнале за ова, ама не им одговара, ќе треба да си ја исправат целата им историја!

Да ги применам критериумите во однос на Г. Делчев, што г-та за надворешни бугарски работи ни ги нуди, кон една бугарска личност: Стефанаки беј, кнезот на Самос, кој е со бугарско потекло и претходно се викал „Стойко Цонков Стойков (1775-1859) е „Грк“, „Романец/ Влав“, „Турчин“ (османлиски поими)! Но, ние овој историски лик го третираме како бугарски. Македонскиот народ има своја историја, свои јунаци и антиjuнаци и свој начин на чувствување на минатото, а во оваа смисла и кон Гоце Делчев, давајќи го својот млад живот за пособна, македонска слобода! Затоа е и Вториот Илинден и решението на АСНОМ за државен, национален празник на 2 август-Илинден! Има историска логика и континуитет!, истакнуваа Наташ Котлар од ИНИ, како реакција на изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Захариева дека од „C Македонија“ се очекува да ја признае вистината според која, Делчев бил Бугарин.

Захариева, исто така истакна дека треба да се смени менталитетот на Македонците, а за таа цел треба да им се променат учебниците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This