March 29, 2024, 12:48 pm

Котлap-Тpajкова: Лyд е онoj што се oткaжyвa oд oнa штo гo имa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една стара мудрост, вели: „луд е оној кој сака да се откаже од она што го има, надевајќи се дека ќе го добие она што го нема“! – вели професорката Наташа Котлар-Трајкова во колумна за Скопско Ехо.

Сопоред неа ова е воедно најточниот опис на нашата политичка реалност, која деновиве се разбранува со македонско-бугарските, како што вели -„в’проси“.

„Не затоа што овие прашања од добрососедската сфера, се одликуваат со рамноправна и достоинствена политичка содржина, ами заради спротивното. Нерамноправна, неправедна, недолична и ненаучна, брутална, понижувачка и гротескна парада на широко насилие (туѓинско и домашно) врз разумот и достоинството македонско.

Козеријава „европска“ се засилува со флоскулите „иднината на државата“, „европско однесување“, „мост на пријателство“ итн. Нејзината кулминација проблеснува со парафразирање на Волтеровиот афоризам од страна на премиерот од Северна: „Да не постоеше Гоце Делчев, ќе требаше да го измислиме…“

Ќе бидам конкретна – Г.Делчев е „знаме и симбол на борбата за слобода… на македонските генерации“ (Х.А.Полјански) и неговото дело е во функција на македонската историја (антрополошка и нормативна).

Целата колумна на следниот ЛИНК

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This