March 29, 2024, 12:52 am

КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ: Делата говорат за мојата пожртвуваност и транспарентност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски денеска на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на скопјани за дадената доверба на претходните локални избори.

-Долги години сум во локалната самоуправа, благодарение на довербата од вас, граѓаните. Секогаш со подготвена програма за реализација во Градот Скопје дојдов од позицијата градоначаланик на општина Гази Баба, што говори за мојата посветеност и одговорност према сите ветени проекти и за начинот на кој работам во изминатите 12 години, раководејќи ја локалната самоуправа во општина Гази Баба и во Градот Скопје. Луѓето понекогаш подзабораваат каква била претходната состојба во градот, бидејќи многу брзо се навикнале на новата, на подобрата состојба. Затоа треба често да ги потсетуваме каква била состојбата во Градот Скопје пред 2009 година. Градот Скопје изгледаше многу поинаку. Беше град на мали и стари булевари, сообраќаен метеж, нехигиена, град со плоштади на кои беше потпрена реконструкција со сериозни зафати, со недоволен број паркинг место, со едвај забележливи вело патеки, град со многу помалку зеленило, истакна Трајановски.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This