КОЧО АНЃУШЕВ ГИ ГАЃАЛ НОВИНАРИТЕ СО ФЛОМАСТЕР: Почнал да вреска и да ги навредува новинарите, па ги гаѓал со фломастер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вицепремиерот Кочо Анѓушев им се налути на новинарите, па денес со фломастер фрлаше по нив. Дел од новинарите на социјалните мрежи ја споделуваат случката од денешниот брифинг одржан со вицепремиерот посочувајќи дека се се случувало кога камерите биле исклучени.

 

Анѓушев како што рекол на брифингот, бил лут затоа што бил критикуван од медиумите. Капката, која очигледно му ја прелила чашата на вицепремиерот, најверојатно била последната емисија на „360 степени“.

-На вицепремиерот Кочо Анѓушев не му се допаднала емисијата на 360 степени и во знак на револт на денешниот брифинг ноншалантно го фрли фломастерот кон новинарите со кој црташе и објаснуваше за автопатот Кичево -Охрид. „Претеравте , претеравте“ , со висок тон специфичен за него Анѓушев повторуваше и гледаше во нас новинарите, кои не знаевме за што се работи. Тој бил транспарентен и работел чесно и многу бил лут што година дена бил критикуван во медиумите. Ова се случува кога во салата во влада нема сниматели и камери , кога камерите се вклучија и побарав објаснување , вицепремиерот даде одговор но без вклучен микрафон, дека имали спорни моменти во емисијата. На крајот на настанот кога снимателите се спакуваа , нова ситуација. Анѓушев вели не можам веќе , на прашање дали значи тоа дека ќе се повлече и ќе даде оставка вели – НЕ ама од сега вака ќе постапувам…., пишува на социјалните мрежи новинар од Алсат телевизија кој присуствувал на брифингот.

„Ноншалантна“ Саботажа

„Ноншалантна“ Саботажа, емитувана на 03 септември 2018 година (понеделник) на ТВ Алсат-М во емисијата „360 степени“. автор: Среќко Поповски монтажа: Коста А.

Posted by 360 stepeni on Monday, September 3, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This