КОЧО СИ ЗАМИНА, 200 МИЛИОНИ СТООТ: Објавен четвртиот дел од скандалот со ТЕ-ТО тежок 200 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На последниот ден од политичката кариера на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, „Економски Лидер“ го објавува четвртото продолжение од скандалот во централата ТЕ-ТО, кој според проценките на нашите истражувачи изнесува околу 200 милиони евра.

 

Додека Анѓушев си ги собира работите од неговата канцеларија, ние објавуваме како бил дел од лажен стечај и како го оштетил државниот буџет.

Според досегашните откритија на нашето истражување, кои со факти не ги демантираше никој од споменатите (прв дел, втор дел), руските сопственици на централата ТЕ-ТО направиле лажен стечај (кој е детектиран и од финанова полиција) преку кој извлеклее стотици милиони евра од државата и така ги оштетиле акционерите од Топлификација во компанијата.

Потоа, затоа што на извлечените пари требало да се плати данок – владата изгласа одлука со која практично го простува данокот на ТЕ-ТО кој со аконтации изнесува околу 20 милиони евра.

Податоците до кои стигна „Економски Лидер“ од судската постапка во која се случил лажниот стечај на ТЕ-ТО (стечај и реорганизација во еден ист ден), покажуваат дека пред судот, русите од ТЕ-ТО тврделе дека одат во стечај поради „Условеноста на ТЕ-ТО да прима електрична енергија на краен трговец назначен од добавувачот на природен гас по така наречен принцип на полутоплиг и тоа индексирао само на една регионална берза“.


Првата причина за стечајот е набавката на природен гас, која пак се врши од фирмата која е сопственик на централата.

Ова практично значи дека причината за стечај на ТЕ-ТО се руските сопственици на ТЕ-ТО заедно со фирмата ЕДС, која пак во тој момент е сопственост на Кочо Анѓушев.

Дека фирмата на Анѓушев е таа која имала договор за електрична енергија, потврдуваат и документите од годишните ревизии на ТЕ-ТО.

Ова практично значи дека токму тој го предизвикал стечајот со кој се извлекле преку 150 милиони евра од рацете на акционерите на Топлификација, по што подоцна, како вицепремиер во владата изгласал одлука да се прости данокот за овие пари.


Да биде иронијата уште поголема, за овој случај по пријава на Топлификација и Финансиска полиција е поднесена кривична пријава до ОЈО, но, обвинителката Вилма Рускоска не го процесуира случајот.

Повеќе за случајот во интервјуто со еден од оштетените акционери:

интервју со Ивица Стојановски

Интервју со Ивица Стојановски

Posted by Радио Лидер on Thursday, December 12, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This