Кошаркарите на Карпош Соколи со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кошаркарите на Карпош Соколи се вклучија во акцијата на илјадниците граѓани на Македонија, меѓу кои се најдоа огромен број врвни спортисти, за зачувување на унитарноста и на заедничкиот карактер на нашата држава.

sokoli-640x415

Тие пред натпреварот со Мега Лекс се фотографираа со маици со симболот кој ја окарактеризира унитарноста на Македонија, а воедно го искажаа и својот став за зачувување на заедничкиот карактер на нашата татковина.

„За нас како спортски клуб и пред сѐ како спортисти нема поголема чест од тоа да се бранат боите на својата држава. Секогаш го оставаме нашето срце на паркетот за победа. Секоја наша победа претставува победа на нашата заедничка држава Македонија. Нам ни е потребно сочувување на државата, онаква каква што сите ја посакуваме – силна и напредна. #ПоддршкаЗаЗаедничкаМакедонија“, е ставот на сите во таборот на Карпош Соколи.

„Соколите“ синоќа загубија како гости во дуелот со Мега Лекс во последното коло од АБА-лигата, каде што влегоа во категоријата на најпријатни изненадувања со 10 остварени победи и со опстанок обезбеден и покрај лошиот старт со осум порази по ред.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This