КОЅИЈАС: Преферирам „Централна Балканска Република“ но морам да прифатам име со терминот Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во однос на разговорите и точките за кои се преговара, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во интервјуто за грчкото радио 247, рече дека идентитетот е прашање на самоопределување, а за националноста ќе се користи новото име, односно во пасошите ќе стои „државјанин на таа и таа земја, државјанин на името за кое што ќе постои договор“.

– Идентитетот е прашање на самоопределување. Да го запомниме ова, затоа што не треба и ние да ги прекршуваме меѓународните закони, објасни Коѕијас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, тој не сакаше јавно да коментира дали двете страни се блиску до договор за името „Горна Македонија“. Рече дека од петте предлози на Нимиц, отфрлено е името „Република Македонија (Скопје)“, а Грција остава на нашата земја да ја одбере одредницата.

– Од моментот кога има сложена географската одредница немаме проблем, но оваа сложена географска одредница, треба да е и за внатрешноста на земјата, рече шефот на грчката дипломатија.

Категорично „не“ е одговорот на Коѕијас на прашањето дали без ревизија на Уставот и ерга омнес, може да се постигне договор. Министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто оваа негова позиција уште еднаш ја поткрепи со примерот со документите. Рече дека од кај нас ги слушнал аргументите дека Грција не ја засега ако една општина во допис до друга општина го користи името Република Македонија. На ова, одговорил дека постојат низа документи што ќе создадат проблеми во функционирањето, како на пример Уставот, доколку би се пратил во странство, а името што е вклучено нема да се смени и да биде новото, она за меѓународна употреба, туку ќе биде уставното, но преведено.

– Ако не постои ерга омнес и употреба за сите меѓународни, меѓудржавни, билатерални односи, во меѓународните организации, а и во внатрешноста на земјата, ќе инвестираме во кавги и несогласувања во следниот век, ова се обидувам да ѝ го објаснам на ПЈРМ.  Ќе излегуваат документи, дозволи, дипломи во странство со внатрешното име, ние ќе ги бркаме дека го прекршуваат договорот, а тие ќе велат дека се случи по грешка и ако денес имаме кавга за тоа кое име се користи во меѓународните организации,  тогаш ќе имаме секојдневна кавга што ќе биде ќорсокак и ќе ги влошува условите меѓу двете држави, рече шефот на грчката дипломатија, додавајќи дека Грција бара договор што нема да создава, туку ќе ги решава проблемите.

Тој уште еднаш го повтори неговиот став дека прашањата во дипломатијата не може да се решаваат преку изјави и интервјуа  и додаде дека сите, вклучувајќи го и него, треба да бидат поодговорни, потрезвени и посериозни.

Никос Коѕијас ги коментираше како позитивни и пореални  резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција, според кое, како што вчера објави МИА, 7 од 10 Грци сметаат дека е потребно да се најде заемно прифатливо решение.

– Мислам дека кого било од нас да прашате: Би сакале, земјата на северната граница на Грција да се вика „Централна Балканска Република“ или „таа и таа Македонија“. Би го преферирал првото. Првото е тоа што го преферирам, а второто е реализмот и тоа што треба и што можам да направам, објасни Коѕијас во интервјуто за радиото 247, пренесе МИА.

24 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This