April 19, 2024, 11:58 pm

КОЅИЈАС ЛИКУВА: 3/4 од светот ја признава како Македонија, среќа со Договорот повеќе нема да биде така

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како одговор на обвинувањата од опозицијата, дека Грција изгубила многу со Договорот од Преспа, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, во интервју за грчкото радио „Реал-ФМ“, одговори дека грчката страна успеала името Македонија, по кое што речиси сите ја нарекувале нашата земја, да се тргне од употреба и оти тоа ќе биде верификувано и со промена на македонскиот Устав.

„За жал, три четвртини од светот соседната земја ја признаваат како Македонија. За среќа, со Договорот, таа ќе стане Северна Македонија“, рече Коѕијас посочувајќи како пример дека наместо со референцата БЈРМ и САД на нашата земја и се обраќале со името Македонија.

Во продолжение на интервјуто, Коѕијас потенцирал дека добивката на Грција од целиот договор е и тоа што судбината на Македонија на крајот повторно, ќе зависи од Грција.

„Иако соседната земја ќе мора да спроведе референдум, да направи уставни измени и да го смени името на државата, таа и натаму ќе зависи од Грција, бидејќи додека Договорот не се усвои од грчкиот парламент, нема да може да стане членка на НАТО“, нагласува Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто изразил уверување дека и покрај противењето на коалицискиот партнер на грчката влада, Договорот ќе ја добие потребната поддршка во Собранието, пренесува Катимерини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This