КОЅИЈАС: Нема да умpам без повторно да дојдам и насмеан да прошетам низ улиците на Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Иднината му припаѓа на нашето пријателство“, е пораката што Коѕијас ја испраќа во разговорот со нашата дописничка од Атина, и притоа изразува убеденост дека „најпријателските односи меѓу државите во цела Европа ќе бидат меѓу Северна Македонија и Грција“.

„Мислам дека нема да умpам, без повторно да отидам во вашата земја. Освен тоа, имам право на тоа. Мислам дека е убава вашата земја. Морам да ви кажам дека Скопје ми се допадна повеќе со снег. Мислам дека кога ќе поминат 2-3 години и кога сите ќе видат дека животот само кон позитивно се менува со овој договор и дека ниту ние го земаме Скопје од вас, ниту вие Солун од нас и сите тие глупости што се зборуваат, тогаш мислам дека ќе бидам еден насмеан минувач низ улиците на Скопје. Ако бев помлад и имав пари, ќе купев еден голем плац во Преспа за да изградам куќа таму“, истакна Коѕијас.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This