March 19, 2024, 12:30 pm

КОЅИЈАС СЛЕТА НА ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ:Утре официјална средба за преговорите за името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас, попладнево слета на охридскиот аеродром со грчки владин авион.

Вечерва тој ќе има работна вечера, а официјалната средба е закажана за утре во 9 часот во Охрид.

Од Министерството за надворешни работи велат дека се очекува нова рунда на тешки разговори, но дека остануваат оптимисти дека ќе се најде достоинствено решение.

Средбата на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција е една недела пред објавување на новиот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија.

Коѕијас на денешната средба со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Белград истакна дека спорот за името со Македонија може да се реши со компромис кој ќе го направат двете страни за што веќе е направен чекор напред.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This