КОЈА ГОЛЕМА СИЛА ПРЕДИЗВИКУВА СУДИР ПОМЕЃУ СРБИЈА И МАКЕДОНИЈА: Какви можат да бидат последиците од овој разузнавачки, дипломатски скандал!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последиците кои Македонија би можела да ги претрпи доколку Србија одлучи да го промени ставот по прашањето на името на државата би можеле да бидат далекусежни. Секој билатерален договор кој е потпишан помеѓу Македонија и Србија би можел да стане предмет на ревизија

Ден по повлекувањето на вработените во Амбасадата на Србија во Македонија, поради признанието на владата на Заев дека ќе го поддржат приемот на Косово во УНЕСКО, па дури и дека ќе учествуваат во изградбата на проекти кои ги остваруваат желбите на Албанците, Белград возврати со една порака и едно предупредување до светската јавност. Пораката гласи – Србија би можела да го промени ставот за името на Македонија, а предудупредувањето – во се што против Белград го прави официјално Скопје, вмешала прсти и една странска сила. Судејќи по она што го заклучиле поедини македонски аналитичари во емисии на таа тема, Србија е со овој контрапотег приреди не мало изненадување – пишува Спутник.

Како би влијаела одлуката ако Белград би го променил ставот за името на државата и која е таа светска сила која ги расипува односите на двете соседни земји на Балканот?

Александар Митовски од Центарот за истражување и анализа, вели дека реакцијата на јавноста во Македонија не е позитивна на најавите од Белград, бидејќи Србија ја доживуваат како најблиска земја и народ на Балканот. Тој додава дека опозицијата ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагирала на она што се случило, а особено на тоа дека некој дозволил институциите на пријателски земји да се врши офанзивни непријателски дејства.

Митовски исто така потсетува на фактот дека јавноста во Македонија, никогаш не го поддржала, ниту го поддржува фактот што официјално Скопје ја призна косовската независност.

„Последиците кои Македонија може да ги претрпи доколку Србија одлучи да го промени ставот по прашањето на името Македонија би можеле да бидат далекусежни. Тоа би значело дека секој билатерален договор, кој е потпишан меѓу Македонија и Србија, може да стане предмет на ревизија и ново преговарање за секој договор, без разлика дали се работи за договори за трговија или добрососедство. Тоа би била најлошата варијатна“, објаснува Митовски, со коментар дека од раководството на Србија зависи дали тоа ќе се случи – пренесува Спутник.

По повод споменувањето на мешањето на големи сили во случувањата кои се актуелни во Македонија, Митовски за Спутник напоменува дека претседателот на Србија Александар Вучиќ беше јасен кога рече дека не мисли дека таа странска сила е Русија.

„Капацитет за такво нешто има само Америка. Мислам дека ова е добро смислен план да се промени раководството на целиот Балкан, како тие би можеле полесно да ги спроведат нивните планови на сила да ги втурнат земјите на Балканот во НАТО“, тврди соговорникот за Спутник.

Во албанската заедница во Македонија се крена голема прашина поради повлекувањето на српските дипломати, поради намерата Македонија да го поддржи Косово на патот кон УНЕСКО. Сите медиуми, како во Македонија, така и во Косово и албанија, блиски до владеачките структури во Скопје, тврдат две работи. Дека постапката на Србија е рамен на однесувањето на две завојувани држави, како и дека Белград не може да командува на суверена држава како ќе ги носи своите одлуки. – пишува Спутник.

Притоа, никој во Албанија и Косово не го спомена директното мешање на Еди Рама и Хашим Тачи во македонската политика по повод потпишувањето на т.н. Тиранска платформа, која беше услов за составување на владеачко мнозинство.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This