April 26, 2024, 10:53 pm

КОЈА Е ЛИЛЈАНА СПАСОСКА: Новиот в.д. јавен обвинител позната по фаворизирањето на улогата на СЈО во случајот „Монструм“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лилјана Спасоска која денес беше назначена за в.д. Јавен обвинител на Република Македонија на јавноста и е позната по јавната седница за случајот „Монструм“ на која требаше да се расправа за доживотните затворски казни на обвинетите. Обвинителката тогаш остро се спотивстави на одлуката на претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски да закажува седница без да се обезбедат докази од СЈО за овој случај.

 

Денес, по нејзиниот избор од обвинителството до медиумите испратија биографија во која се вели:

„Лилјана Спасоска е родена во Скопје во 1954 година. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 04 јануари 1977 година. Два месеци потоа, започнува да работи како приправник во тогашното Окружно јавно обвинителство – Скопје, а во 1978 година станува стручен соработник во истото обвинителство. За јавен обвинител е именувана во декември 1984 во тогашното Општинско јавно обвинителство – Скопје. Таа функција ја извршува до 01 април 2003 година, кога е именувана за заменик јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство – Скопје“, се вели во биографијата испратено од обвинителството.

Од таму додаваат дека за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија е избрана на 01 јули 2009 година. Од декември 2013 година ја извршува и функцијата заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија.

„Во својата кариера учествувала на бројни меѓународни конференции и на стручни советувања во Република Македонија, а извесен период ја извршуваше и функцијата претседател на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители, Спасоска е мажена, мајка на две полнолетни ќерки и баба на две внучиња“, се вели во биографијата за обвинителката Спасоска.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This