April 20, 2024, 12:54 pm

Која е малата Иванка, на која Ноле ѝ го подари својот рекет?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светот е воодушевен од гестот на Новак Ѓоковиќ кој по завршетокот на натпреварот на Вимблдон својот рекет ѝ го подари на својата најмлада обожавателка, пренесува „Тhe Telegraph“.

Ѓоковиќ во неделата ја освои рекордната 20-та Грем слем титула и својата шеста титула на Вимблдон со победа во четири сета против Матео Беретини од Италија. По завршувањето на финалето, српскиот тенисер беше забележан како оди кон девојчето кое навиваше од трибините и ѝ го подари својот рекет.


Радоста на 7-годишна навивачка го воодушеви целиот свет. Таа навивала во текот на целото финале, а носела и рачно изработен транспарент за нејзиниот омилен играч.

По финалето се огласи и нејзината мајка Крис која ги откри деталите, која не била на Централниот терен со својот сопруг и ќерка.

„Ова е првпат ќерка ми да биде на финалето на Вимблдон. Првпат го гледаше Ѓоковиќ во живо“, откри мајката на Иванка. „Посакувам рекетот да ѝ донесе среќа… Таа обожава тенис“.

„Иванка е воодушевена. Разговаравме на телефон и ме праша „Што се случи, дали е ова вистински рекет?“. Во тоа време, го шетав кучето со мојот петгодишен син, бидејќи тој не можеше да влезе на трибините поради неговата возраст. Сакав да сме сите заедно“, откри мајката на девојчето.

Крис заедно со нејзината ќерка го направиле транспарентот на кој пишуваше „НОВАК“ а секоја буква беше обележана со посебно значење на англиски јазик. „Н“ значеше број 1, „О“ дека е неверојатен, „В“ да биде победник, „А“ да биде амбициозен и „К“ кое се однесува на бакнежи.

„Таа ги смисли сите зборови, освен последниот. Сакаше последниот збор да биде крал или прекрасен, но јас сакав да биде нешто смешно. Ние навистина го обожаваме Новак. Тој работи напорно, тој е сè што еден тенисер треба да биде. Тој е толку добар и скромен“, заклучи мајката на Иванка Ли.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This