April 26, 2024, 10:09 pm

КОЈА Е ПРАВНАТА И ЗДРАВОРАЗУМСКАТА ЛОГИКА ВО ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ: Зошто во закон за употреба на јазици се уредува и двојазичност на симболи?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Која е правната и здраворазумска логика во закон кои што се вика закон за употреба на јазиците да имате одредби за симболи? Јас не разбирам и тоа се натрапници одредби на кои не им е воопшто местото  овде, изјави професорката од Правниот факултет, Гордана Силјановска-Давкова во дебатата на „Макфакс“.

Очигледно е дека во овие прашања да потсетам дека беа споменувани и парите во оваа фамозна платформа и сега некој си вели во овој закон не мора да бидат решавани прашања за јазиците, ајде и со симболите да го решиме проблемот, а тоа е неодржлив однос, истакна Силјановска.

Таа прашува и колку дебати имало посветени за законот за јазиците?

-Јас не сум чула ниту за научна дебата, ниту за дебата во Собранието, а да бидам искрена ние бевме жедни за тоа и ние во текот на предизборната кампања слушавме дека чекориме кон инклузивен процес на одлучување и дека се ќе биде транспарентно и дека во Собранието ќе не повикаат и нас. Објаснете ми дали за нешто кое се вика закон за јазици му е место во Комисија за евроинтеграции или му е место во Комисијата за политички систем и односи со заедниците?, прашува Силјановска.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This