КОЈА Е СЛИЧНОСТА ВО БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ И БОШКОСКИ: Кој им ги заврза рацете на Спасовски и Костов при бегствата на Бошкоски и Груевски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наспроти вообичаените толкувања за бегството на Љубе Бошкоски, и неговата поврзаност со Хари Костов, кој наводно знаел но не делувал за обезбедување на Бошкоски во далечната 2004.та година кога тој како обвинет во случајот „Раштански Лозја“ избега за Хрватска, каде што има државјанство, ситуацијата со Никола Груевски е тотално поразлична

Имено, во 2004.та година, екс-министерот за внатрешни работи баран со потерница за одлежување на казна затвр за случајот „Раштански Лозја“ од Македонија пребегна во Хрватска, слично на сегашната ситуација со Никола Груевски, поминувајќи две граници.

Бегството се случуваше во тогашниот хотел „Амбасадор“, од каде Бошоски преправен како баба, преку прозорецот на тоалетот го напуштил хотелот, додека неговите приврзаници пред истиот предизвикуваа хаос, дефокусирајќи ја полицијата од задачата. Оттаму, Бошкоски беше упатен на илегален премин со Србија, од каде како хрватски државјанин го продолжил патот до Хрватската граница. Слично и на случајот со Груевски, поминувајќи две граници.

Спинот, да се претстави ситуацијата со Груевски и Бошкоски како слична, не е ништо повеќе од тоа – спин.

Во 2004.та година, слично и на 2018.та Бошкоски беше цел на прогон, хакја на тогаш актуелната власт на СДСМ и министерот за внатрешни работи Хари Костов. Костов, имаше личен мотив за одмазда кон Бошкоски. Слично на денес, кога Зоран Заев се води од истиот мотив – лична одмазда.

Екс-помошник министерката за внатрешни работи сведочи за настаните.

„Во тоа време Хари Костови и полицијата знаеа дека Бошкоски подготвува бегство и се трудеа на секој начин тоа да го спречат. Дали затаи судот, или некоја друга институција во тоа не сум сигурна, но она што го знам е дека МВР ги активираше сите сили да го фати Бошкоски. Слична таква ситуација можам да забележам и сега. МВР има само толку овластувања колку што е пропишано со закон, законот вели дека судот одредува кога некој треба да биде приведен“ – вели Наталија Ивчева, екс-помошник министер за внатрешни работи.

Тогаш, додава Ивчева, Бошкоски се појави на хрватската национална телевизија, слично како и Груевски на социјалните мрежи, и тогаш Хари Костов се прогласи за ненадлежен, односно бараше одговорност од судот.

Оливер Спасовски пак, за медиумите изјави дека одговорноста треба да се бара кај судиите, кои тогаш кога требало да постапат и да издадат потерница по Груевски, или да одредат мерка притвор, тоа не го направиле.

Што се однесува до обезбедувањето пак, експертите тврдат дека личното обезбедување на ВИП личности нема ингеренции да го следи субјектот кој го обезбедува надвор од работното време.

Од она што го дознаваме, токму тоа и се случило. Телохранителите кои на Груевски му ги додели МВР, во четвртокот го оставиле екс-премиерот во својот дом, и се договориле следниот ден да го земат во вообичаеното време. Утрината, Груевски не бил во својот дом. Припадниците на управата овој факт веднаш го пријавиле до надлежните, кои реагирале соодветно, но чекале наредба за претрес која била потпишана дури во 16 часот попладне.

Од ова само едно може да се заклучи, а тоа е дека властите можеби знаеле за планот на Груевски, но судот или некои повисоки инстанци отколку, полицијата блокирале спроведување на законот, навремено и ефикасно.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This