April 18, 2024, 11:59 pm

КОЈА Е ТАЈНАТА ВРСКА: Топ менаџментот на Министерството за одбрана составен од лица со длабоки оперативни, фамилијарни и политички врски со Р.Србија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Топ менаџментот на Министерството за одбрана во моментов го сочинуваат лица со длабоки приватни, фамилијарни, оперативни и политички врски со Република Србија

Државниот секретар, Драган Николиќ е син на поранешен српски офицер на ЈНА. Освен партискиот ангажман за СДСМ и логистиката за испраќање во мисии и унапредување на луѓе блиски до СДСМ истиот нема никаков друг позначаен придонес во МО.

Државниот советник, Мирослав Стојановски, поранешниот капетан во ЈНА за време на Вуковарската опсада во војната во Хрватска кога загина и недолжно цивилно население. Во ЈНА е унапреден е во чин мајор после опсадата на Вуковар.

 

Контраверзноста на оваа личност освен кај македонската јавност од раните 90ти кога учествуваше во поставувањето на снајпери на собраниската зграда по повод протестите на тогашната опозиција се прошири и во Хрватска кога беше назначен за прв човек на македонската армија. Агресивниот влез на кинеска воена инфорамтичка опрема во АРМ е токму негова заслуга и тоа во период кога Република Македонија јасно зачекори кон членство на НАТО Алијансата.

Началникот на Воената разузнавачка служба, Горан Василевски, важи за лице кое има близок член на семејството ангажиран во Војската на Србија што е пак директна причина зошто подолг период истиот немаше добиено безбедносен сертификат. Партискиот ангажман за време на Шарената Револуција му обезбеди вајлд карта за незаконско добивање на безбедносен сертификат во кој беа грубо прекршени повеќе законски процедури за негово стекнување. Како и Николиќ и Василевски има српско потекло по неговиот татко офицер на ЈНА.

Оваа ударна тројка на српската линија во МО е предводник на сите неправилности и партиски врсли во врска со назначувањето на армиски персонал во странските мисии. Критериумите за испраќање на офицер во Авганистан од неодамна биле и тоа што истиот го купил приватното возило на Радмила Шекеринска иако немал потребни познавања на англиски јазик за да биде упатен во мисија.

Или пак партискиот ангажман на Хајро Али кој и донесе на Рада околу 4000 гласа во Сарај е критериум за негово унапредување и покрај неговиот обид за изнудување на секс од негова колешка.

Или пак припадникот на воената разузнавачка служба Трајче Касапинов кој беше во тек на работно време ангажиран како партиско обезбедување на СДСМ. Непреземањето на одговорни одлуки, партиското окупирање на МО, сомнителните набавки на опрема со донирани средства, про-српската линија на топ менаџментот на МО и сите останати неправилности кои се кријат од јавноста, за неколку седмици ќе се обзнанат како забелешки до МО и АРМ за ниското ниво на моментална подготвеност од страна на странските партнери од НАТО земјите кои не можат, а да не реагираат на намалување на општата оценка дека МО уназадува во својата подготвеност да одговори на задачите како дел од НАТО членството.

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This