КОЈА Е ЦЕНАТА НА ДВОЈАЗИЧНОСТА: Пред некој да ви продаде двојазичност-цената мора да се знае

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двојазичноста е проблем кој ќе го урне македонскиот карактер на македонската држава, ќе воведе амбиент и правила слични на Косово пред осамостојувањето што е доволна причина Македонците да се загрижат, и да ја земат својата судбина во свои раце додека се уште можат да решаваат за тоа, а последна шанса се изборите на 11 декември

policija_specijalci_kumanovo

Во недостаток на реални економски и социјални решенија, со кампања и програма препишана од српската партија Двери која едвај помина цензус на изборите во Србија, Зоран Заев и СДСМ за нивна победа на изборите понудија трговија со Македонија. Имено, нивната понуда е двојазичност и кантонизација со поголеми права на општините што вклучува и здружување по етничка основа.

Двојазичноста е проблем кој ќе го урне македонскиот карактер на македонската држава, ќе воведе амбиент и правила слични на Косово пред осамостојувањето што е доволна причина Македонците да се загрижат, и да ја земат својата судбина во свои раце додека се уште можат да решаваат за тоа, а последна шанса се изборите на 11 декември.
Двојазичноста создава последици на економски, социјален и културен план, а согласно искуствата на Косово, и безбедноста на Македонија се доведува во прашање.

Со двојазичноста, секоја јавна институција од болница, школо, градинка, полициска станица, аптека, факултет, царина, војска или амбуланта мора да има вработени кои течно говорат албански јазик. Во спротивно, вработените ќе се соочат со отказ или прекршочни пријави и судски казни. Тоа значи дека околу 100.000 лица кои сега не зборуваат албански јазик, а тоа се Македонци, Турци, Срби, Роми, Власи и Бошњаци доколку сакаат да работат во било која јавна институција мора да научат да зборуваат албански, или ќе ја загубат работата. Учењето албански мора да им го платат институциите во кои се вработени, што е трошок од околу 50 милиони евра заедно со формулари, информативни табли, печати и други трошоци од овој вид кои мора да се направат затоа што секоја информација или документ ќе мора да се печати на два јазика, албански и македонски.

Со оглед на тоа дека од 100.000 вработени во јавниот сектор и јавните сервиси најмалку 30.000 се возрасни со над 50 години, кои реално нема да можат да го научат албанскиот јазик кој ќе биде неопходен за работа во јавниот сектор, тие ќе добијат отказ, а нивните работни места ќе ги добијат Албанци од северозападниот дел на Македонија.
Да го земеме примерот на полицијата и војската, кои се задолжени за безбедноста.

Во Министерството за одбрана има околу 8.000 оперативци и околу 1.000 вработени во администрацијата. Секој од нив ќе мора да знае албански, или во спротивно ќе ја загуби работата. Војниците немаат струка и школо кое е лесно применливо во цивилниот живот, и најмалку 3.000 од нив ќе останат на улица затоа што не успеале соодветно да го научат албанскиот јазик, што е социјален шок од широки размери.

На нивно место во армијата ќе се вработат етнички Албанци кои ќе бидат доминантни во војската и полицијата, што е ризик сам по себе ако се знаат заканите од Косово.
Во полицијата работите стојат уште полошо. МВР вработува околу 12.000 лица, од кои 6.200 се униформирани полицајци. Полицијата исто така ќе мора да биде двојазична, а 12.000 луѓе ќе мора да знаат албански, без оглед дали ја вршат полициската служба во Арачиново, Липково, Тетово и Чаир, или работат во Берово, Струмица, Кавадарци или Битола. Во сите 38 поголеми и околу 100 помали полициски станици ќе мора да има етнички Албанци на целата територија на Македонија.

Со законската принуда за двојазичност околу 4.000 полицајци и вработени во МВР кои не научиле албански ќе добијат отказ, а нивните места ќе ги пополнат етнички Албанци од северозападна Македонија кои ќе работат во Гевгелија, Неготино, Штип, Прилеп или Кочани. Тие не ги познаваат местата во кои ќе бидат вработени, ниту навиките или културата на тие доминантно македонски средини што ќе се одрази на безбедноста, а ќе создава отпор и фрустрации кај локалното население со јасна можност за постојани етнички тензии и конфликти. Ова ја менува и етничката карта на Македонија.

Двојазичноста има своја цена, и пред некој да ви ја продаде – цената мора да се знае.

Вечер.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This