April 23, 2024, 11:04 am

КОЈЗАКЛИСКА: Во услови на диктатура, самопрогласените жртви на режимот ги полнеле банкарските сметки со над 40 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и неговите најбиски соработници тежат над 40 милиони евра. Толкав е имотот на првиот ешалон во владата стекнат, како што самите велеа во режим. Само Заев и министрите поседуваат над 50 луксузни станови, куќи, викендици и хациенди во државата и странство во вкупна површина од над 8.000 метри квадратни или цела 15 катница, изјави денеска на прес-конференција Марија Којзеклиска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Самопрогласените жртви на режимот имаат возен парк на кои може да им позавидат и арапските шеици. 35 луксузни автомобили меѓу кои може да се сретнат елитните марки Масерати, Порше, Мерцедес и Ауди, во вкупна пријавена вредност од над 700.000 евра. Самопрогласените жртви на режимот поседуваат и уметнички слики, брендирани часовници и накит во вредност од над 300.000 евра. Паднаа сите маски, излегоа на површина сите лаги и манипулации, рече Којзеклиска.

Таа нагласи дека додека СДС обвинуваше за режим и диктатура нивните функционери ги полнеле банкарските сметки и си купувале милионски имот во земјата и странство.

-Јавноста се прашува колкаво ќе беше нивното богатство доколку не живееја и не беа жртви на режим и диктатура? Со објавувањето на анкетните листови од страна на Заев и неговите министри, граѓаните можат да видат дека додека тие обвинуваа за режим, диктатура и неправда направиле огромен имот недостижен за мноштвото граѓани. Додека Заев зборуваше за режим неговите фирми свртеле над 200 милиони евра, а неговото семејство по негово признание направило богатство од 6-7 милиони евра, додека неговиот министер газда Кочо, во режим успеал да направи дури 28 милиони евра капитал и да вози Масерати и Порше, рече Којзеклиска.

Додека зборуваше за режим Шекеринска купила 4 стана, кои си ги издавала самата на себе за стотици илјади евра кирии, во услови кога граѓаните на оваа држава имаат по еден или два стана, а некој и живеат и под кирија, Шекеринска живеела во луксуз. Исто како Шекеринска и Роберт Поповски, успеал во диктатура да направи богатство од 300.000 евра, да има три стана и една куќа.

-Додека обвинуваа за режим Шапуриќ, Самка и Зорица Апостолоска стекнале имот од околу 1.5 милиони евра. Додека зборуваше за режим Никола Димитров успеал да стекне над 800.000 евра капитал, а неговиот колега Спасовски 300.000 евра, сето тоа додека им зборуваа на граѓаните дека нема еднакви можности и дека во Македонија владее режим. Владата на СДС не е на граѓаните, туку е на елитите. Владата на СДС е тајкунско-милионерска, полна со луѓе кои не ги разбираат секојдневните проблеми и потреби на граѓаните, зошто живеат во својот затворен милионерски круг, рече Којзеклиска.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This