КОЈ ВРШИ ПРИТИСОЦИ ВРЗ ПОЛИЦАЈКАТА: Правната држава падна на колена пред обичен насилник, по промената на изјавата на полицајката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ.

Владата должни објаснување, кој врши притисок врз полицајката Јасмина Jаначковска да ја смени изјавата за инцидентот кај Мавровка.

Ако не ја заштитиме Јасмина, Македонија ќе биде држава на силеџии како Беќир Асани! Брука!“, напиша Насер Селмани, претседател на ЗНМ, на својот Фејсбук профил.

 

Правната држава клекна пред еден силеџија, поддржан од ДУИ. Владата должи објаснување, кој врши притисок врз…

Posted by Naser Selmani on Friday, March 2, 2018

Функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кој вчера тепаше полицајка на Битпазар затоа што сакала со пајак да му ја крене колата која била неправилно паркирана – не доби кривична пријава за напад на злужбено лице.Наместо за ова кривично дело, за кое се добива затворска казна до 10 години, од МВР на Асани му поднеле само прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, за што не се одговара кривично, туку со казна од 500 до 800 евра.

Имено, информацијата дека полицајката била претепана и се здобила со тешки телесни повреди ја потврдија и од Градската болница, а како што објаснуваат по укажаната помош и санирањето на повредите истата била пуштена на домашно лекување.

Асани е експретседател на огранокот на ДУИ во Чаир. За него МВР има регистрирано неколку инциденти. Министерството го сомничи за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во март 2016 година по неуспешниот обид да се стават темели на крст во Бутел. За претепувањето на Петров, Асани никогаш не одговараше.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This