Кој всушност од МВР го спроведе вчерашниот сообраќаен koлапс на Скопје?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку тројца високи полициски функционери од МВР координирани од Оливер Спасовски стојат позади вчерашната сообраќајна парализа на главниот град. Најпрвин на најистурените скопски сообраќајници се изгасени семафорите од страна на моторното одделение на Одделот за обезбедување, попознат како Шеста Управа на МВР заради поминување на некое ВИП лице. Откако доаѓа до хаос и сообраќајки од страна на СВР Скопје се испраќаат тотално неискусни и млади полицајци на обука за да ги регулираат кростосниците и со тоа хаосот да стане уште поголем. Круна на безобразноста на оваа постапка е тоа што Одделението за возен парк во МВР излегува на терен кај ТЦ Мавровка дури 3 часа по сообраќајката со специјалното шлеп возило за да ги подигне оштетените возила од сообраќајната несреќа на оваа локација.
Дали ваквото изживување врз скопјани се исплати ако не дај Боже се случи некој голем пожар или друга катастрофа во која амбулантните возила ќе треба да носат повредени во скопските болници? Кој ќе ја сноси тогаш одговорноста? Градот Скопје мора под итно да побара одговор и одговорност од ваквите политички игри врз нервите, времето и безбедноста на скопјани

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This