КОЈ ГИ ИЗБРИШАЛ СНИМКИТЕ ОД ГРУЕВСКИ ВО АЛБАНИЈА: Јовевски не можеше да објасни зошто ги нема снимките од Груевски во Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски денеска изјави дека надлежните правосудни органи до обвинителството не ги доставиле бараните снимки од Албанија во врска со бегството на поранешниот премиер Никола Груевски. Едно од образложенијата, според Јовевски, било дека системот за снимање не можел да ги чува сите снимки.

-Во врска со снимките, односно меѓународната првна помош која беше побарана од надлежните правосудни органи на Република Албанија, како што извести Обвинителството, две службени лица престојуваа таму, но по барањето за меѓународна правна помош не е постапено целосно, така што снимките не се обезбедени, изјави денеска Јовевски.

Причините за тоа, рече, ќе се видат во понатамошниот тек од постапката, но важно е дека во овој момент снимките што ги бараше јавниот обвинител не се доставени.

–Има повеќе моменти во нивното образложение. Едно е дека тие податоците се многу од безбедносните камери и дека тој систем не може подолго да ги чува, вели обвинителот Јовевски.

Запрашан дали тие снимки биле избришани, Јовевски само кусо рече дека тие уреди работат автоматски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This