КОЈ ГИ ПУШТИ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ НА НАЈЈАКО: Мицкоски никогаш нема да прифати нешто спротивно на неговите принципи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Добро позната ,,раздели па владеј’’ успешно се применува на светската политичка сцена веќе два милениума, и повторно се употребува во овие тешки моменти за Македонија. Порталот Журнал МК, близок до коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ тврди дека премиерот Заев на лидеот на опозицијата Христијан Мицкоски му нуди 4 министерски места. За ваквата лажна вест експресно стигна демант од опозицијата.

– Ниту Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ е во некакви разговори со Заев за министерски места во владата, а за возрат на тоа да има успешен референдум. Се работи за комплетна невистина и груба дезинформација, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста досега во повеќе наврати се увери дека актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ знаат е личност која не прифаќа компромиси и човек кој никогаш нема да прифати нешто спротивно на неговите лични принципи. Според информации кои стигнаа до нашата редакција ова е класична лажа вест и местенка за ВМРО-ДПМНЕ од поранешните реформаторски и фракционерски структури во партијата кои се котнролирани од странски центри на моќ.

Целта на ваквата вест е раситнување на опозицијата и наведување на граѓаните кои се противат на промената на името дека опозицијата наводно се согласува со ваквиот срамен и предавнички чин. Шефот на опозицијата досега повеќе пати покажа дека е стабилна личност која за разлика од Заев не ги менува ставовите и не мрда од своите лични принципи. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да прифатат никаква власт, доколку тоа би значело промена на името на државата.

Фракционерските структури во ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат повторно да одработат за Зоран Заев како што одработија за време на локалните избори, кога јавно го славеа поразот на нивната матична партија, продолжуваат да одработуваат за СДСМ!

Граѓаните во овие клучни моменти за иднината на државата и зачувување на се што е македонско не би смеело да потпаѓаат под влијание на лажните вести, кои сакаат да го раситнат отпорот за промена на името.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This