КОЈ ГИ „ТРКАЛА“ ЦЕНТАРЦИ: Жерновски и Фрчко во Боровец на зимување – општина Центар затрупана во снег!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако ги батали неисчистени и замрзнати улиците во Центар, градоначалникот Андреј Жерновски замина да прослави Стара нова година, но не во некоја од кафеаните во своите прескапи боемски сокаци, туку на чист воздух на Боровец, во Бугарија.
zernovski-740x987

Викендов на градоначалникот не му беше приоритетно управувањето со општината ниту тоа што жителите на Центар се револтирани што мораат самите да се справуваат со снегот и мразот на улиците, туку да се опушти во луксузниот хотел „Рила“, кој располага со затворен базен, сауни, повеќе спортски терени и игралишта и слични содржини.

Додека Жерновски безгрижно дише свеж планински воздух, во Македонија не спласнува интересот на јавноста колку чинат преплатените боемски улици, единствените „проекти“ на градоначалникот.  Жерновски е единствениот градоначалник кој им пружи на центарци за уживање 270 метри боемска улица која чини неверојатни 710.000 евра или за секој метар од оваа боемска улица галантниот градоначалник платил по 2629 евра за обичен бекатон.

Boemska ulica - prv del (3)

Преспиениот мандат и неработењето на Жерновски кулминираше со уредувањето на втората боемска улица од 270 метри, улица која чини колку 3 градинки во општина Центар.

Според јавната набавка која ја склучила општина Центар проценетата вредност на договорот била 39.661.017  денари, додека пак целосната сума која е исплатена изнесува 43.632.737 денари или 4 милиони денари повеќе. Граѓаните заслужуваат Андреј Жерновски да им објасни на каде се потрошени тие 4 милиони денари.

За да биде уште поспектакуларна Боемската улица 2, Жерновски за уредување на дрворедот платил дури 860.000 денари, а колку од даноците што ги плаќаат граѓаните отишле на спектакл со увезени тамбураши се уште е мистерија.

Навиките кај Андреј Жерновски очигледно не се промениле. Исто како и за претходната Боемска улица, така и за оваа Андреј Жерновски потроши огромни суми на пари. Двете боемски улици чинат повеќе 1.2 милиони евра, изделени од џебот на центарци.

Со овие пари Жерновски можеше да реализира капитални проекти како градинки, улици, комунални системи и слично. Но, ништо од тоа.

Жерновски, покажа и докажа дека нему не му се важни граѓаните и нивните потреби. Нему му се поважни Боемските улици, тамбурашите, диџеите и секако скијањето на Боровец.

frcko_skijanje
Не само Жерновски, туку и неговиот идеен татко Фрчковски деновиве е на зимување во Боровец, каде што преноќување во хотелите чини од 100 евра па нагоре. Слично како и Жерновски, Фрчковски ги „батали“ обврските, па додека тој ужива на снегот со парите од УСАИД и Сорос, неговиот син се заканува на жени кои ги прогонува низ целиот град, а потоа ги објавува на ФБ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This