April 27, 2024, 12:40 am

КОЈ ГИ УКРАЛ ПАРИТЕ НА ФЕРИД МУХИЌ: Пратеникот Мухиќ ги одбил парите, а Собранието сепак ги доделило на непозната личност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пресрет на кампањата за референдумот, пратениците Бошњаци, Ферид Мухиќ и Зеќир Рамчиловиќ се против Договорот помеѓу Грција и “втората страна”.

Ставот на Мухиќ по ова прашање е повеќепати искажан во јавноста, додека Зеќир Рамчиловиќ на неколку пати на својот Фејсбук профил потенцираше дека единственото име на нашата држава е Република Македонија.

Едниот во власта, друг во опозиција, но ниту еден од нив не побараа средства за кампањата поврзана со референдумот. Интересно е што Мухиќ не сакал и не барал средства за спроведување на кампања, но СДСМ побарало пари и за него. Тоа повторно отвора простор за манипулација и злоупотреба на парите на граѓаните.

Мухиќ и Рамчиловиќ се едни од најдобрите познавачи на процесите врзани за Бошњаците во минатото и денес и често ја споредуваат положбата на македонскиот и бошњачкиот народ, односно на Босна и Македонија и своите ставови ги градат принципиелно свесни за последиците што ќе ги има овој договор.

За разлика од нив, дел од Бошњаците кои од Власта на СДСМ добија функции или пари, се вклучија во кампања за подршка на референдумот.

Под мотото “Бошњаците за европска Македонија” планираат да одржуваат трибини со кои ќе ги мотивираат Бошњаците да излезат на гласање на референдум.

Првата трибина на 03.09.2018 г. доживеа дебакл, односно говорниците Стево Пендаровски и шарениот Џељо Хоџиќ говореа во полупразна сала за состаноци на Општина Чаир. Поради што медиумите кои го промовираат Пендаровски не ни спомнаа за овој настан.

Освен “шарениот“ Хоџиќ кој направи мало богатство преку СОРОС, а потоа стана и заменик директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, настанот го организираше невладината „Љиљан” која се финансира со парите од СОРОС.

Иако нејзиниот претседател Аделаид Каришик важеше за критичар на Сорос, го смени ставот откако почна да се финасира од нив. Дополнително, неговата роднина Аделаида Каришик се вработи во Агенцијата за стандардизација. Дел од оваа невладина е и Мерсиха Смаиловиќ која како член на други невладини направи кариера и пари врз несреќата на бегалците, а нејзиниот брат Сенад Смаиловиќ стана директор на ЈП “Улици и патишта” на Град Скопје.

На овој настан беше присутна и претседателката на невладината “Диванхана”, Изета Бабачиќ која на Годишниот конкурс на Министерството за култура за 2018., зема најмалку 220.000 денари.

Јасно е дека овие Бошњаци од интерес мораат да ги одработат парите и позициите добиени од Власта предводена од СДСМ.

Граѓаните на Република Македонија се свесни и мудри за да самите одлучат и да се произнесат за претстојниот референдум и лесно ги препознаваат манипулациите на одредени лица или организации кои единствено се грижат за своите позиции и профит.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This