March 28, 2024, 12:31 pm

Кој ги финансира македонските девојки по скопските кафулиња?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас сум студентка од внатрешноста, бев одличен ученик во мојот град и верувајте немаше да стигнам таму каде што сум ако барем малку стандардот ни беше по добар. Се запишав во прва година на Економскиот факултет на студии по Менаџмент.

Бев одличен студент и првиот семестар го завршив во целост на колоквиуми. Околу нова година во студентскиот дом Гоце Делчев се организираше студентска забава и таму присуствуваа многу студенти од домот но и нивни пријатели од Скопје. На забавата запознав едно момче од албанска националност, многу фин и коректен. Си разменивме бројчиња и почнавме да комуницираме за почеток со СМС пораки. Ме повика на пијачка и се решив да ја прифатам пораката. Се видовме во Кафе бар форца затоа што ми беше најблиску. Немавме ништо освен шали и зафрканции, се беше коректно. Дечкото беше презадоволен од нашата средба и ми поклони скап часовник.

Young couple on a bed. Golden colors.Нашата комуникација се интензивираше, се видовме излеговме во чаршија два дена по тоа и таму беше нашиот прв бакнеж. Дечкото на крајот од состанокот ми поклони сваровски алка беше многу културен. Ја прифатив алката и бев пресреќна. Предрасудите спрема Албанците сосема ми исчезнаа. Следниот состанок ни беше прекрасен, и се видовме во еден познат скопски хотел со СПА центар. Едноставно уживање. На крајот на состанокот ме праша со колку пари живеам месецот, беше зачуден по што ми даде 5 евра да се почастам.

Следниот ден ми се јави и ми понуди да работам кај него во модна агенција, платата солидна. Јас прифатив, познавајќи колку е коректен дечкото. Со него се гледав уште неколку пати и после секое гледање ми даваше по 50 евра.

Еден ден дојдоа некои негови бизнис партнери од Косово. Ме замоли да им бидам придружба и да ги шетам низ Скопје. Бевме на многу места, се напивме и си поминавме убаво. Едниот од гостите инсистираше да ми ја покаже собата од хотелот, по што се разбира не прифатив, но ми се јави пријателот и ме замоли. По што прифатив. Бевме во собата, имаше џакузи пиење и на крај инсистираше и спиев и со него. Утредента ме повика пријателот, јас од срам не сакав да му кажам што се случило но тој веќе знаеше, по што ми кажа фала и ми подари 100 евра.


Оттогаш, гости бизнис партнери се почесто доаѓаа а јас се поретко го гледав дечкото што започнав на почетокот. Се случуваше и по 5 во една недела што за мене беа 500 евра или 1500 евра месечно. Големите пари ме залажаа, факултетот го запоставив и тек сега сум четврта година, а со мене земав две најдобри другарки на кои им објаснив како функционира мрежата.

Забавата е интересна, партнерите секогаш коректни дискрецијата загарантирана. Полека после неколку години излегов од бизнисот бидејќи навршив 27 години и веќе дипломирав.

Сега сум редовно вработена во голема фирма и имам нормални другари и другарки, нормален дечко, а работата која ја работев ми купи и стан и автомобил.

Сепак искуството е ужасно и секогаш ќе ме потсетува на еден период кој би сакала да го заборавам. Колку и да бил добро финансиски платен тоа е еден лош период во мојот живот! Не дозволувајте воопшто да почнете затоа што парите знаат да ве збунат и да ве расипат. На крајот на денот не е се во парите.

риказнава е преземена од скопјеинфо.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This