КОЈ ГИ ЧУВА ТАЈНИТЕ НА НАТО ВО МАКЕДОНИЈА: Coмнителни лица ги чуваат тajните на НАТО, во воените служби „poварат“ и coмнитeлни новинари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последниов период, а особено по приближувањето на Република Македонија кон НАТО, особено интересни за јавноста се покажаа неколку ситуации кои се однесуваат на бeзбeднocните практики и процедури на НАТО алијансата, и обврските кои произлегуваат за Република Македонија од тие практики и процедури.


За потсетување, пред неколку месеци видовме една прес конференција од Националниот координатор Пендаровски, кој кажа дека високо на нашата листа на приоритети е oбeзбeдување на заштита на тajните на НАТО кои ќе се разменуваат меѓу Република Македонија и НАТО, па потоа ни дојде во посета и помошник генералниот секретар на НАТО за paзузнавање и безбедност Арнд Лорингхофер, а последниве неколку дена јавноста ја бранува изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски дека во Министерството за одбрана, има лица кои се безбедносно ризични, а имаат пристап до класифицирани информации на НАТО. Мотивирани од овој развој на настаните, направивме мало истражување, за да откриеме кој навистина се грижи за безбедноста на НАТО класифицираните информации.

Најголемиот дел од класифицираните информации кои ги добиваме од НАТО завршуваат во Министерството за одбрана. За некое лице да има пристап до вакви документи, мора да поседува НАТО безбедносен сертификат.

Безбедносниот сертификат го издава Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ), која е надлежна за издавање и на национални и на НАТО безбедносни сертификати, но проверките за постоење на безбедносен ризик за воените лица ги прави Воената служба за разузнавање. Токму овие две служби, кои се инструментални во обезбедувањето заштита на НАТО документите, односно нивните Директори, се постојано критикувани за неправилности во нивната работа.

Раководителот на Воената служба, Горан Василевски, е лице на кое му бил одземен безбедносниот сертификат во 2012 година, за што водел постапка пред Управен суд, и ја изгубил постапката. По доаѓањето на СДСМ на власт, за недела дена му беше издаден и национален и НАТО безбедносен сертификат, иако претходно пет години не можел да добие. Зад неговото име се поврзуваат и многу други скандали, и останува нејасно како тој сеуште е човекот кој проценува дали за некое лице постои безбедносен ризик или не, кога за самиот него со судска пресуда е потврдено дека е безбедносно ризичен.

Втората карика во процесот на издавање безбедносни сертификати, е Директорот на ДБКИ, Стојан Славески, кој е потписник на безбедносниот сертификат и неговото име стои на сите издадени национални и НАТО безбедносни сертификати. Со него се поврзуваат огромен број безбедносни афери, како на пример издавањето на безбедносниот сертификат на горе споменатиот Горан Василевски, потоа вработување на лица во ДБКИ без да бидат безбедносно проверени, безбедносен инцидент со нарушување на физичката безбедност во просториите на ДБКИ, но и најголемиот инцидент, а тоа е издавањето на безбедносен сертификат со степен „Државна Тајна“ на новинарот Сашо Ордановски, без објаснување за која цел му е потребен и кој го побарал тоа.


Славески важи за близок на министерката Шеќеринска, па се наметнува прашањето дали можеби намерно таа го штити, и покрај толку многу безбедносни пропусти, за да тој остане последниот одлучувач за тоа дали некој ќе добие безбедносен сертификат или не? На крај, останува прашањето дали некој манипулира со безбедносните сертификати и колку штета ќе и нанесе тоа на Република Македонија во процесот на зачленување во НАТО?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This