April 27, 2024, 12:03 am

КОЈ ГИ „ШИША“ СИРОМАШНИТЕ, БИТНИ СЕ ВИЦЕПРЕМИЕРИТЕ: Ќе си ги покачат платите за 8.000 денари, додека се зголемува сиромаштијата во земјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлог-закон за покачување на платите на вицепремиерите за 8.000 денари кој беше доставен до Собранието на РМ кон крајот на месец декември 2018 година, ќе се гласа в понеделник. Ова не е прв обид на Владата, да го истурка планираното покачување иако во март минатата година Уставниот суд, на иницијатива на Левица, го укина членот на актуелниот закон со кој на вицепремиерите им се дозволуваше зголемување на платите.

Одлуката на владејачкото мнозинство за покачување на платите на вицепремиерите е отворено непочитување на одлуката на Уставниот суд, изјави Здравко Савески од Левица во декември, кога Предлог-законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија доби зелено светло од Владата.

На почетокот на годинава Уставен по иницијатива на Левица одлучи потпретседателите на владата да не добиваат повисоки плати од министрите, како што сега се планираа во Владата. Ова сега е само обид со помош на закон, повторно да си ги вратат првично планираните плати, вели Савески.

Владините служби, сепак, нашле начин како да го протуркаат покачувањето на платите на петте вицепремиерти – преку таканаречено терминолошко усогласување на овој закон со Законот за Влада, со што ќе се создадела законска основа за пресметка на платата на вицепремиерите.

Од владата тогаш ја демантираа оваа информација и велеа дека со измените во Законот за плата и другите надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија се врши само терминолошко усогласување на Законот со Законот за Влада на Република Македонија.

Нема зголемување на платите на замениците на претседателот на Владата, тврдеа во декември од владината прес-служба.

Со измените на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, коефициентот за утврдување плата на заменик-претседател на Влада ќе се пресметува со коефициент 4 наместо 3,70.


Согласно ова, разликата во платата ќе изнесува 8.027 денари во бруто изнoс или за 5 вицепрмеиери, Хазби Лика, Кочо Анѓушев, Бујар Османи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, за 12 месеци 481.620 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This