Кој го онади сега Алаѓозовски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ ги потценува граѓаните и си поигрува со нивната интелигенција, намалувањето на цената на електричната енергија од само 0,1 отсто е доказ како Зоран Заев го подразбира подобрувањето на стандардот на граѓаните.

-Сите оние кои плаќале струја по 3000 денари со „огромното достигнување“ на Зоран Заев и со „подобреното работење“ на ЕЛЕМ, ќе плаќаат по 2997 денари, односно за цели 3 денари помалку. На годишно ниво, со ваквиот успех на Владата на Заев, граѓаните ќе заштедат цели 36 денари. Да не беше трагично ќе беше смешно. Меѓутоа, пред неполни две години, истиот Зоран Заев и истиот СДСМ побараа намалување на електричната енергија за цели 30%. Нивниот аргумент беше дека цената на регионалните берзи била ниска и Регулаторната комисија морала да го земе предвид тој факт и да донесе одлука со која што би се намалила цената на струјата за една третина, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Послушниците на Заев се подбиваа со одлуката на РКЕ да ја намали цената за 0,33% или тројно повеќе од тоа што е намалена сега. Еден од тие кои сметаа дека со намалување на цената на струјата за 0,33% Владата ги онади во здрав мозок е и доскорашниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This