March 29, 2024, 11:10 am

КОЈ ГО СМЕСТИ ЕКС НАЧАЛНИКОТ УБК ВО ЗATBOP: Михаил Младеноски поранешен член на СДСМ, ВМРОвец конвертит кој со своето сведочење го сместил Атанасовски во притвор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Михаил Младеновски, обвинетиот за упадот во Собранието на 27 април, кој со своето сведочење придонесе да биде притворен поранешниот началник на УБК, Владимир Атанасовски, како младинец бил член на СДСМ, а потоа преминал во ВМРО-ДПМНЕ, пишува „Независен“.

Имено поранешниот висок функционер на СДСМ, една година по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, во 2007-ма Младеновски ги организирал протестите против државната матура, а во меѓувреме станал генерален секретар на подмладокот на СДСМ, позната како Социјалдемократска младина на Македонија. Но потоа започнал и организирал протести против партијата од која произлегол, односно против тогашниот претседател на Македонија, Бранко Црвенковски, бидејќи тогаш бил физички нападнат од негови блиски луѓе.

Тој продолжил да протестира против Црвенковски кога овој повторно се врати како претседател на СДСМ, а тој најавувал и посебни листи за локалните избори во 2013-та спротивставувајќи се на бојкотот на локалните избори што тогаш се заговарал.Ја организирал акцијата  „Денар за Бранко“ а откако беше објавена фотографија на која се гледа дека седи на кафе со функционери на ВМРО-ДПМНЕ заедно со синот на Сашо Мијалков и го обвинија дека соработувал со Унијата на млади сили на ВМРО–ДПМНЕ беше јасно дека тој веќе преминал во „непријателскиот“ табор.

Во прислушкуваните разговори, односно во т.н. „бомби“ предлага да се намести Андреј Жерновски, тогашен кандидат за градоначапник на општина Центар, така што ќе му се понуди поткуп и на тој начин да биде исфрлен од конкуренција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This