March 29, 2024, 12:29 am

КОЈ ГО СНИМАЛ ОРЦЕ КАМЧЕВ: Детали за пpиcлyшkyвaните разговори, кој го снимал, а кој бил иницијатор на состанокот во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седум исечоци од разговори кои траат не повеќе од 12-13 секунди од вчеравечер се поставени на видео-сервисот „Јутјуб“ на кои може да се слушне гласот на бизнисменот Орце Камчев, инаку пријавител на рекетот кој го трпел од шефицата на СЈО и нејзините пријатели

Претпоставувам дека од 2015-та досега, веќе не постои човек кој не ја знае адресата на живеење на „Големото Уво“, ако има такви – еве да појаснам – ул.Бихаќка бб. Да, би било ступидно после толку емитувани нелегално снимени разговори, кои секогаш се во корист на партијата на власт, се уште некој да размислува или да претпоставува дека снимките ги направиле токму оние кои се таргет на политичката пропаганда на СДСМ.

Така беше и со „бомбите“ кои се емитуваа од штабот на СДСМ во текот на цела 2015. и 2016. година, кога Зоран Заев тврдеше дека претходната власт сама себе се прислушкувала, односно, ја снимала тогашната опозиција но за Заев нема никакви снимки.

Ако до денес не ви беше јасно кој снима, од денес е кристално јасно.

Најверојатно во обид да се „исперат“ од вчерашниот текст дека Орце и Заев можеби имаат некаков договор, денес во раните утрински часови на видео-сервисот „Јутјуб“ се појавија снимки до разговор на кој може да се слушне гласот на бизнисменот, кој е и пријавител на случајот „Рекет“. Снимките се долги по 10-12 секунди, а се сечени-лепени-монтирани само во контекстот кој се сака да се постигне. Демек, еве Орце бараше од нас помош. Тоа може и да се прочита на порталите кои први ги превземаа снимките, па поитаа да напишат дека Мицкоски го координирал Камчев…Но, вистината е поразлична.

Од наши извори во Струмица, дознаваме дека веќе подолго време овие разговори биле пуштани на различни состаноци помеѓу луѓе блиски до Зоран и Вице Заеви. Снимките ги пуштал оној што ги снимал, а освен другарска врска, снимателот е и во бизнис релација со Вице Заев.

Што се однесува на локацијата, времето и составот на состанокот кој е снимен па емитуван, деталите – од она што го дознаваме се следни:

Состанокот кој бил инициран од Стојан Чифлигаровски, сопственик на компанијата „СВ Инвест“ која го врши ископот во РЕК Битола. Оваа компанија често е доведувана во корелација со братот на премиерот Вице Заев, за кој се смета дека е вистинскиот сопственик на компанијата.

Снимениот состанок бил договорен во Струмица некаде крајот на месец август годинава, а се одржал во Банско, Бугарија. На масата на која се одржувал состанокот инициран од бизнис партнерот на Вице Заев присутни биле пет лица, чиј идентитет е познат на редакцијата. Состанокот траел до раните утрински часови.

Помеѓу петте лица, присутен на состанокот бил и Цветан Панделевски, исто така жртва во „Рекет“.

Целосниот разговор од состанокот е драстично поразличен од овој кој се емитува во јавноста. Иако траел неколку часа, во јавност се емитувани делови во кои се споменува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, како, а се вади од контекст и барањето на Орце Камчев во врска со Зоран Заев – се со цел јавноста да стекне впечаток дека Камчев барал помирување со Заев. Ама, се поставува логично прашање – помирување за што?

Од што бил исплашен Заев? Можеби затоа што е снимен во аферата „Рекет“ инфлагранте?

Се должи и одговор на следново – Зошто токму близок пријател на семејството Заеви го инцира овој состанок со Орце Камчев, и зошто (според оригиналните снимки) се обидуваат да го убедат Камчев да разговара со Заев и да ја „смират работата“?

Монтираниот, сечен-лепен материјал со кој се вади од контекст повеќечасовен разговор се ништо повеќе од обид да се оцрнат луѓето кои знаат нешто повеќе за инволвираноста на Заев, но и да се импутира некаква „блискост“ помеѓу Камчев и опозицијата.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This