КОЈ ГО ФРЛИ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО КОНТЕЈНЕР: Во соседна Црна Гора драконски казни за ваков чин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На социјалните медиуми се појави фотографија од државно знаме фрлено во контејнер. Според информациите, фрленото знаме било забележано во Карпош 4, а сѐ уште не се знае кој го фрлил.

Кривичниот законик забранува подбивање со државното знаме и за тоа во членот 178 е предвидена парична казна. До пред 2013-та година за фрлање и уништување на знамето имаше построга затворска казна до три години.

Во соседството, во Црна Гора, Владата подготвува предлог-измени и дополнувања на Законот за државните симболи и Денот на државноста на Црна Гора, со кој, меѓу другото, се предвидува казна и до 2.000 евра за лица кои црногорското знаме би го користеле како прекривка или завеса.

Според предлог-законот, со парична казна од 1.000 до 20.000 евра ќе се казнуваат правни лицa ако грбот и знамето на државата ги користат на начин со кој се нарушува јавниот морал, угледот и достоинството на Црна Гора, како и доколку на грбот и знамето се извршат интервенции со кoи се бришат, додаваат или менуваат мекои детали, информира порталот ЦДМ, а пренесува „Танјуг“.

Исто така, забрането е грбот и знамето да се користaт како трговски или услужен печат, мостра или модел, или како било кој друг знак за обележување на стоки и услуги.

Како што е наведено, знамето не смее да биде поставено така што ќе ја допира земјата, ниту пак некој смее да го користи како подлога или завеса.

Законот воведува обврската за јавните установи пред нивните објекти постојно да се виори државното знаме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This