КОЈ ГО ШТИТИ АСАНИ: Никој не ги процесира кривичните пријави против Бекир Асани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според информации кои го пренесе порталот Нова во релација со иострагата која ја отвори ОЈО за полицајката и пајакот во досието на Бекир Асани веќе има неколку кривични пријави, но ниту една не е процесуирана до крај.

Пред речиси 10 години, за Асани има кривична пријава од новинарот на тогашната А1 телевизија Лирим Дулови, кој беше удрен од Асани пред сведоци во Собранието, а настанот беше и снимен.

Дулови за НОВА изјави дека поднел пријава до јавното обвинителство, но тоа се прогласило за ненадлежно. Потоа поднел и приватна тужба. Предметот застарел, а Дулови не добил ниту покана да даде исказ.

Против Асани беше поднесена и кривична пријава од претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров кој директно го посочи дека го претепал по осветувањето на крстот во Бутел. И за овој инцидент имаше сведоци, но пресуда се уште нема.

Асани се спомнуваше во дел од разговорите каде функционери на ДУИ договараат дали, кога и како да урнат објект во Чаир изграден на „диво”.

Асани во 2008 година беше и ранет во Чаир на гласачко место во ОУ „Даме Груев”, во инцидент со полицијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This