КОЈ Е АВТОР НА ОТВОРЕНОТО ПИСМО ПОТПИШАНО ОД МИЈАЛКОВ?: Сашо Ордановски е „орелот чија глава ја испоганиле чавки“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И додека медиумите блиски до власта ја искористија можноста да „капитализираат“ на писмото потпишано од Сашо Мијлаков, екс-шефот на УБК до неговиот екс-партиски шеф Христијан Мицкоски, никој не се запраша од каде толкавата заинтересираност на про-владините медиуми да објавуваат оправдување на човекот кој до вчера, истите тие медиуми се обидуваа на секој начин да го деградираат

 

Помалку чудно можеби, но отвореното писмо потпишано од Сашо Мијалков утрината беше објавено на порталите кои важат за блиски до власта. Можеби, за неупатените и незабележително, но првите неколку медиуми кои го објавија отвореното писмо, наводно напишано од Мијалков се оние во кои неговиот имењак Сашо Ордановски има најголемо влијание.

Отвореното писмо пак, дури доцна попладнето беше објавено на медиумите кои важат за поддржувачи на опозицијата.

Од она што го дознаваме, за Пи-арот на Мијалков бил задолжен токму Сашо Ордановски кој го напишал отвореното писмо, а потоа ја обезбедил и мејлинг листата на медиуми на кои првично се појави истото. Текстот на писмото бил само одобрен, и потпишан од екс-шефот на УБК.

Јавноста пак, со вчудоневиденост реагираше на ваквата јавна преписка, барајќи од Мијалков одговори за тоа каде беше во последните 12. години да излезе со ваков или сличен став, и да се обиде да ја соопшти вистината за играта која полека но сигурно ја дезинтегрира Македонија, а за која морал да знае. Прашуваат граѓаните и дали патриотизмот значи само борба за партиска или државна функција?

Реагираше и аналитичарот Жидас Даскаловски, кој на својот ФБ профил напиша:

Реагираше и интернет движењето #Бојкотирам кое го порази референдумот и целокупната домашна и меѓународна машинерија, впрегната во насока да се убеди Македонскиот народ дека треба да излезе на гласање и самиот да се самоукине.

Оттука, легитимно е прашањето дали „орелот чија глава ја поганиле чавките“, е всушност новинарот Сашо Ордановски, имајќи во предвид дека Мијалков како доскорешен член на ВМРО-ДПМНЕ се идентификуваше во лавот?

Како што дознаваме провладиниот новинар и братучедот на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во последните неколку месеци негуваат исклучително блиски односи. Нашиот извор тврди дека Орданоски во изминативе месеци е главен политички стратег и стретег за односи со јавноста на Сашо Мијалков.

Инаку Сашо Орданоски доби 130 илјади евра од Агенцијата за филм за изработка на документарец посветен на владеењето на Никола Груевски во кој главен гостин е токму Мијалков.

Минатата недела Орданоски во неговата колумна посветена на медиумите кои известуваат критички за власта почна отстрел кон сите медиуми кои пишуваа за активностите на Мијалков во процесот на притисок, уцени, закани и потплаќање на пратениците кои гласаа „ЗА“ отворање на Уставот со цел промена на името Република Македонија.

Познаниците на Мијалков и оние кои во последните 20 години блиско соработуваа со него велат дека е јасно оти писмото не е напишано од него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This