Кој е Кристијан – ЛАЖНИОТ ДИРЕКТОР на kapaнтин-хотел, кој ја користи ситуацијата со КОРОНА ЗА ДА „ОГРАБУВА“ ЛУЃЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Човек кој се претставува како Кристијан, лице одговорно од Катлановска Бања, измамил неколку граѓани да „соработуваат“ и да го снабдуваат додека хотелот е карантин за македонски граѓани. За оваа измама предупредуваат од пекарницата „Мафини“, од каде велат дека случајот е пријавен во полиција.

Би сакале да упатиме АПЕЛ до сите граѓани ( особено правни лица) да внимаваат доколку бидат контактирани од непознати лица, кои се обидуваат да стапат во контакт со нив, со образложение дека сакаат да соработуваат.

Имено, Пекара Мафини денес беше жртва на измама од лице ( група) кое викендов Не контактираше, претставувајќи се како Кристијан, лице ( директор) одговорно од Катлановска Бања. Истиот викендов побара да соработуваме, односно да ја снабдуваме Катлановска Бања со производи од Пекара Мафини за време на карантинот.

Откако соработката беше договорена телефонски, без личен контакт, согласно целосниот карантин викендов, утрово договоривме лична средба (каде ќе му бидат предадени примероци од производите), во Катлановска бања, од причина што истото лице информираше дека е прва смена на работа. Кратко пред да се упатиме таму, истиот повторно не контактираше, замолувајќи не голема услуга, да излеземе во пресрет и 4300 денари да предадеме на лице кое што треба да направи набавка на неопходни материјали наменети за просториите во бањата, при што истиот износ ќе ни го врати половина час подоцна при договорената средба.

Пекара Мафини, сакајќи да излезе пријателски и професионално во пресрет се согласи, при што истиот износ го предаде на посоченото лице во населба Маџари. Веднаш по предавањето на износот се упативме во К.бања, со веќе приготвени примероци од производите, каде што при пристигнувањето добивме информација од службените лица дека такво лице таму НЕ ПОСТОИ и дека станува збор за голема ИЗМАМА која трае веќе некој период и дека не сме првите измамени.
Нормално на тел. Број не ни одговори никој, а по неколку обиди истиот беше веќе недостапен.
На лице место во исто време пристигна претставник и од друго правно лице со друга дејност, кое што потврди дека е изиграно на истиот подмолен и нечесен начин утрово.

Случајов нормално Е пријавен во полиција.

Согласно ова, Ве замолуваме сите оние кои сте искусиле вакво непријатно искуство да се јавите во полиција и да не контактирате и нас, со цел да ја пронајдеме оваа криминална група.

Ве молиме споделете и внимавајте!
Останете во добро здравје пред се!

Vecer.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This