Кој е новиот градоначалник на Солун

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целосен пресврт имаше синоќа во Солун во вториот круг од локалните избори. Со повеќе од 96 отсто обработени гласачки ливчиња, резултатите потврдија дека новиот градоначалник на вториот најголем град во Грција е независниот кандидат Константинос Зервас.

Иако Зервас во првиот круг се бореше за второто место и влез во вториот круг, вчераго победи противкандидатот од Нова демократија, Никос Тахаиос, со разлика од над 33 проценти (66.82 отсто наспроти 33.18% за Тахаиос).

Константинос Зервас (45) е поранешен заменик-градоначалник од времето на Јанис Бутари и кандидат за Нова демократија на изборите во 2015 година.

Тој е роден и пораснат во Солун од татко Василис Зервас, градежен инженер, и мајка Лилка, филолог. Дипломирал на Експерименталната школа на Универзитетот во Солун и на Градежниот факултет на Универзитетот Аристотел во Солун како првенец. Постдипломски студии завршил на Универзитетот Браун во САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This