КОЈ Е НОВИОТ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ: Христијан Мицкоски, од омилен професор до претседател на најголемата политичка сила во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неговата академска надградба продолжила на универзитети во Германија и Италија каде магистрирал и докторирал, а реализирал и неколку студиски престои во Италија, Австрија и Германија. Оттука, „Електрани на Македонија“ може да има само придобивки од искористувањето на неговиот стручен, професионален и меѓународно признат капацитет кој ќе ја продолжи и унапреди развојната политика на компанијата.

Со 376 гласови „За“, Христијан Мицкоски на конгресот во Валандово денеска беше избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. До пред конгресот Мицковски ја обавуваше функцијата генерален секретар на партијата, на која 30 јули годинава.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ тој беше претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ и професор на Машинскиот факултет при УКИМ. Роден е во Скопје во 1977 година, семеен човек, татко на две малолетни деца, доктор по технички науки. Мицкоски е најдобар дипломиран студент на Машинскиот факултет Скопје за 2001 година.

Лични податоци:
Име и презиме: Христијан Мицкоски
Националност: Mакедонец
Дата на раѓање: 29.09.1977
Брачен статус: Оженет, татко на две деца.

2016 Претседател на управен одбор и Генерален Директор на АД ЕЛЕМ
2017 Советник на Претседателот на Владата на Република Македонија
Работно место (енергетика)
2014 Вонреден Професор на Машински факултет, Скопје
2009 – 2014 Доцент на Машински факултет, Скопје
2004 – 2009 Асистент на Машински факултет, Скопје
2002 – 2004 Помлад асистент на Машински факултет, Скопје
2001 – 2002 Главен и одговорен проектант на термотехнички инсталаци
Образование:

Име на образовната институција: Машински факултет, Скопје, Македонија
Наслов на темата: Управување на манипулациони роботи со примена на fuzzy логика
Титула/степен на образование: Доктор по технички науки-машинство
Име на образовната институција: Машински факултет, Скопје, Македонија
Наслов на темата: Оптимизациона синтеза на лостови механизми
Титула/степен на образование: Магистар по машински науки

Дополнителни активности:

Претседател на кадрова комисија на ВМРО-ДПМНЕ од 04.2017
Дел од Републички изборен штаб на изборите 2011,
Дел од Републички изборен штаб ИЕ4 на изборите 2008, 2014, 2016
Ко претседател на комисијата за енергетика во период 2010-2012
Член на конгрес 2003 кога за претседател е избран Никола Груевски и член на конгрес 2015
Мицкоски е млад, перспективен кадар на партијата. Неговото досегашно богато работно искуство е надополнето со преку 100 научни трудови, а добитник е и на повеќе меѓународни награди и признанија за иновации. Партиципирал во изработка на редица меѓународни развојни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката.

За стручноста и капацитетите на новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ говори и фактот што АД ЕЛЕМ во соопштение во минатата година напиша „’Електрани на Македонија’ може да има само придобивки од искористувањето на стручениот, професионалниот и меѓународно признат капацитет на Христијан Мицкоски кој ќе ја продолжи и унапреди развојната политика на компанијата.

Учествувал во изработка на редица меѓународни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката, а во 2001 година е избран за најдобар дипломиран студент на Машинскиот факултет во Скопје. Неговата академска надградба продолжила на универзитети во Германија и Италија каде магистрирал и докторирал, а реализирал и неколку студиски престои во Италија, Австрија и Германија. Оттука, „Електрани на Македонија“ може да има само придобивки од искористувањето на неговиот стручен, професионален и меѓународно признат капацитет кој ќе ја продолжи и унапреди развојната политика на компанијата.

Мицкоски од 2015 година до крајот на мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше Советник за енергетика на претседателот на Владата, во моментов е вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје, а во 2011. година, Мицкоски бил и визитинг професор на Техничкиот универзитет во Виена.

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ има и големо партиско искуство: тој во април годинава беше избран за претседател на Кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а член на Комисијата е од јули минатата година, беше дел и од Републичкиот изборен штаб на изборите во 2011. година, а претходно и од Регионалниот изборен штаб на Изборната единица 4, на изборите во 2008, 2014 и 2016 година.

Мицкоски беше и ко-претседател на Комисијата за енергетика во периодот од 2010 до 2012 година.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This