КОЈ Е ОЛИВЕР СПАСОВСКИ:Еден од најсериозните кандидати за претседател на државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи,Оливер Спасовские еден од можните кандидати за претседател на државата на владејачките СДСМ и ДУИ.
Кој ќе биде официјалниот кандидат ќе биде познато денеска.

Кој е Спасовски?
Спасовски основно и средно училиште завршил во Куманово, каде што е роден.

Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во моментов е магистрант по управно право на Правниот факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Професионалната кариера ја започнал во 2000 година како адвокатски приправник.

Од 2001 до 2005 година работи како советник на градоначалникот на Куманово.

Од 2008 до 2011 година работи како секретар на Општина Куманово.

Во периодот 2006-2008, 2011-2014 и 2016-2017 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.
Од 11.11.2015 година до 18.05.2016 година и од 02.09.2016 година до 29.12.2016 година беше технички министер за внатрешни работи, а на 31 мај 2017 по трет пат е избран за министер за внатрешни работи

Има месечна нето плата од 71.066 денари.

Зборува англиски и француски јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This