КОЈ Е ПОГОЛЕМ АЛБАНЕЦ ЗАЕВ ИЛИ АХМЕТИ: Лицитација со Македонија и нова продажба на име, химна, грб, јазик!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и СДСМ, во потрага по албански гласови по секоја цена за тие гласови понудија уставна двојазичност и кантонизација, право на општините со албанско мнозинство да формираат своја политичка заедница која води кон самоопределување и отцепување од Македонија.

lsdm

Оваа понуда од СДСМ на Заев му донесе повеќе од 60.000 албански гласови, недоволно за победа на изборите, но повеќе од доволно да се запали црвното светло за узбуна кај ДУИ и албанските партии дека СДСМ ја отворил пандорината кутија, им ги зема гласачите со албанска етничка понуда и сега, за да се тркаат со Заев и СДСМ албанските партии мора да понудат повеќе од Заев, да лицитираат кој поефтино ќе и ја продаде Македонија на Албанија, и да побараат повеќе отстапки на сметка на Македонците кои, за да ги задоволат албанските барања кои ги отворија Заев и СДСМ, а ги дополнија ДУИ, Беса, ДПА и Алијансата – Македонците мора да се откажат од себе, од својот јазик и од својата држава и државноста да им ја подарат на Албанците кои се само 20% од населението! А и толку дали се бидејќи одбиваат попис кој, очигледно, би утврдил дека ни толку не ги има.

albanska_zaev

Дали сега е секому јасно што направија СДСМ и Заев, колку проблеми отворија само заради своите партиски и финансиски интереси. Отворија процес на уривање на Македонија за да добијат 60.000 албански гласови, отворија процес по кој за Македонија не одлучуваат македонските граѓани туку алабанскиот премиер Рама кој во Тирана ги собра албанските партии од Македонија за да им издиктира каква Македонија тој сака, а каква ние мораме да прифатиме бидејќи Заев и СДСМ тоа го понудија. Сега СДСМ и албанските партии се тркаат да покажат кој е поголем Албанец.

 

rama-lider

 

Албанските партии, за тие цели, сега потпишуваат заедничка платформа која е обрзувачка за сите нив. Во Платформата се наведени скоро 30 точки со рокови за нивно импементирање:

– Постигнување на целосна еднаквост во согласност со Охридскиот договор и Уставот.
– Строга примена на принципот на мултиетничност на Уставот на Република Македонија, каде Албанците се признаени како државотворен народ. Поддршка на секоја законска или уставна иницијатива со која се зајакнува етничката еднаквост на албанското население.
– Постигнување на целосна јазична еднаквост, употреба на албанскиот јазик на сите нивоа на власта, и обезбедување на неговата употреба како основно и уставно право.
Во Уставот да стои „Македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, албанскиот јазик и неговото писмо се службени јазици во Република Македонија“.
– Сеопфатна дебата за државното знаме, химната и грбот на Република Македонија, со цел државните симболи да ја одразуваат државната мултиетничност и етничката еднаквост.
– Усвојување на резолуција во Собранието, со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија со периодот 1912-1956.
– Постигнување на економска и социјална еднаквост, особено преку рамномерен регионален развој.
– Создавање нов механизам, во форма на државна комисија за финансирање на општините, заради поправедно одлучување при распределбата на владини грантови во корист на општините.
– Создавање на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како тело одговорно за почитување на правата на заедниците и промовирање на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.
– Реализација на правичната застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавање и правда.
– Реализација на соодветна и правична застапеност на сите нивоа на централната власт како и јавните агенции или претпријатијата со државен капитал.
Зајакнување на владеењето на правото како предуслов за напредок во процесот на евро-атлантските интеграции.
– Спроведување на реформите во согласност со договорот во Скопје, препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пред-пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
– Поддршка на непристрасното работење на Специјалното обвинителство, без етнички и политички предрасуди.
– Целосно расветлување на случаите и судските процеси „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“ и „Куманово“, преку комисија за истрага или меѓународно независно тело.
– Негување на дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичката стабилност на земјата.
– Преземање на афирмативни мерки, за да се обезбеди финансирање на албанските културни институции на централно и локално ниво.
– Создавање на централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди обука за преведувачи, редактори и лектори.
– Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и начела на меѓународното право.
– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието, со која Владата на Република Македонија активно ќе се залага во насока на решавањето на спорот за името.
– Вклучување на Албанците во работната група за директни разговори со Грција.
Негување добрососедски односи.
– Вклучување на Албанците во работната група за директни разговори со Бугарија.
– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
– Отворање нови гранични премини.
– Брза интеграција во НАТО и Европската Унија.
– Исполнувањето на горенаведените точки ќе ги деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку создавање на Парламентарна тркалезна маса на албанските партии.

 

tema113-1-golema-albanija

Парламентарната тркалезна маса на албанските партии ќе работи по принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентната комуникација со меѓународните партнери на Македонија, барајќи поддршка посебно од Европската Унија и меѓународните институции
Тркалезната маса ќе ги утврди роковите за реализација на горенаведените цели во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.

zaev_zname_siptarsko_miting

Кој може сега да го запре и врати тркалото на трансформација на Македонија од единствена македонска во трета албанска држава на Балканот?! Заев понуди, го распали огнот и утре ќе си замине. Во тој оган ќе гориме сите. За пар години ќе заборавиме кој беше Заев но, она што го направи ниту се заборава ниту така лесно се запира. Вредеше ли СДСМ да ја продаде Македонија за 60.000 албански гласови и бизнисите на Заев, негов спас од судските пресуди за корупција?!

 

ahmeti_kece

Во понеделник претседателот Ѓорге Иванов треба да го даде мандатот за формирање влада на партијата што има највеќе пратеници или има мнозинство од 61 пратеник. ВМРО-ДПМНЕ доби 51 пратеник, а СДСМ 49. Според број на пратеници, Иванов мандатот за формирање влада треба да му го даде на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Ако погледнеме според фактите, бројките, СДСМ е втора албанска партија во Македонија. ДУИ има околу 85.000 албански гласови, СДСМ помеѓу 60 и 70.000 албански галсови, а далеку зад нив се Беса, ДПА и Алијансата – сите тие три заедно имаат албански гласови колку што СДСМ имаат сами. Колку што може Груевски со ВМРО ДПМНЕ да преговара за албански партнер во владата со Али Ахмети, речиси со иста оправданост тоа може да го прави и со Заев и СДСМ. Затоа, битката на Али Ахмети не е само дали ќе влезе во влада, туку и да го победи главниот конкурент за албански гласови – Заев со СДСМ, за во иднина ДУИ да не загуби уште албански гласови, и да му го препушти албанското лидерство на Заев и СДСМ кои, наместо Ахемти, ќе одат во Тирана и Приштина на консултации за создавањето голема Албанија на сметка на Македонија.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This