КОЈ Е ФАЛСИФИКАТОРОТ НА ДОКУМЕНТИ ВО ВЛАДАТА: Кумот на генералниот секретар на владата Драги Рашковски ги фалсификувал документите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нов скандал ја тресе владата на СДСМ, откриена е фалсификат одлука на Влада во централниот регистар. На документот на кој што има три места за членови на надозрен одбор има впишани четири имиња во централниот регистар.

Ова е одлуката на Владата за избор на надзорен одбор на Акционерското друштво во државната сопственост за воздухопловна навигација кој ја носи скратеницата М – НАВ која се наоѓа во центгралниот регистар. Одлуката била донесена на  3 август оваа година и е потпишана од Зоран Заев. Се би било во ред со овој документ доколку последното трето име на Едмон Калиќи со пенкало не би било прешкратно и на негово место не е допишано името на Милорад Милановиќ.

Двајца  од членовите на надозрниот одбор на М – НАВ ги назначува Владата, а еден член е по предлог на репрезентативниот синдикат во М – НАВ. Калиќи бил избран по предлог на струков и синдикат на воздухопловство кои заедно преставуваат 65 проценти од вработените во ова претпријатие. Калиќи не можел да стане член на надозрниот одбор бидејќи бил сопственик на две фирми, а тоа се коси со законот и поради тоа не можел да биде впишан во централниот регистар. Наместо да биде повторена постапката од страна на Владата за избор на членови на Надзорниот одбор некој само го пречкртал неговото име и со пенкало го допишал името на Милорад Миловановиќ.

Со тоа сторителот на ова дело кој го пречкртал името на Калиќи и со пенкало го допишал имет на Миловановиќ сторил кривично дело фалсификат. ВМРО-ДПМНЕ во предвечерието на локалните избори на повеќе одржани пресови  предупредуваше дека власта брза во именувањето на нови функционери за да го избере член на надозрен одбор пред распишувањето на локалните избори. Според изборниот законик кога се распишуваат локални избори постои забрана за вработување во јавната администрација и именување на лица. Од тука произлегува сомнежот дека не е донесена нова одлука и е фалсификувана старата за да се избегне изборниот законик и да се избере нов управен одбор.

Квалификацијата на ова дело според кривичниот законик е фалсификување на јавна исправа со антидатирање на документот. Дополнително во овој случај постои и документ, полномошно за бришење и запишување на членови на надзорен и управен одбор на М – НАВ кое е донесено на 23 август. Полномошното е на име на Велимир Велковски и Теодора Цветановска, вработени во адвокатското друштво Костиќ. Адвокатско друштво кое се формираше по добивањето на работа од Владата, од Костиќ кој е венчан кум на Рашковски . Токму за ова адвокатско друштво ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваше Генералниот секретар на Владата за непотизам, а очигледно врските помеѓу друштвото и членови во Владата се толку силни што вработените се спремни и на фалсификат за ги исполнат своите работни задачи.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This