Кој злoyпотребил инспектори на УЈП во Коњаре во изборен молк?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во претпладневните часови во село Коњаре, општина Петровец од страна на контролори од УЈП се извршени повеќе финансиски контроли на стопански субјекти, пишува порталот Експрес.мк.

Според сведоци од селото контролите биле направени со единствена цел да изврши политички притисок и да се внесе страв кај граѓаните пред утрешното гласање.

Очевидци сведочат дека кандидат за пратеник од една владеачка партија на селаните им тврдел дека инспекторите на УЈП биле испратени од страна на високи функционери на друга политичка партија од власта во знак на одмазда затоа што немало да добијат гласови на изборите.

По информациите од Коњари реагира директорот на скопската подружница на УЈП Исмет Гури кој негира дека тој испратил инспектори во селото.

Според Гури инспектори во контрола може да испрати само генералната дирекција на УЈП.

“Потенцирам дека упадот на инспекторите е политички поради тоа што кандидатот за пратеник од таа ИЕ го злоупотребил моето име. Наводно клеветата е дека контролата е од мене, но се знае дека контролите се под налог на Генерална дирекција т.е. генерален директор, а налогот се издава од раководителот на инспекциски надзор на Регионална дирекција Скопје. Категорично демантирам дека налогот е од мене, и секој што ме познава, и раководството на УЈП знае дека СЕКОГАШ сум бил против контроли за време на изборна кампања”, вели Гури во реакцијата за наводна негова вмешаност во финансиската контрола на стопански субјекти во селото Коњари.

Влезот на инспектори на УЈП во компании во тек на предизборниот молк е досега невидена практика во Македонија но и поширокo.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This