КОЈ И ГО ШТИТИ ГРБОТ НА СИРИЈА: Позади дамаскиот лав стои руската мечка, но и кинескиот змеј!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД ретко се ставаат во позиција на својот противник кога станува збор за објавување громогласни соопштенија. Сепак, заканата од ракетниот напад врз Сирија сериозно ја загрижува не само Русија, туку и Кина.

Како што истакна во својата статија за “Азија тајмс” политикологот Кристина Лин, слабеење на режимот во Дамаск е закана за Кина поради проблеми со џихадисти, што значи дека Пекинг може да ја искористи целосно својата воена моќ за поддршка на Башар ал-Асад.

Некои медиуми на Блискиот Исток пишуваа уште во 2012 година за можни воени вежби во Медитеранот, вклучувајќи ги Иран, Русија, Кина и Сирија. Да се направат големи маневри, во кои, според планот, ќе беа ангажирани 90.000 војници, 400 авиони, илјадници тенкови, вели Кристина Лин, научен соработник на Центарот за трансатлантски односи при Универзитетот Џонс Хопкинс.

Иако вежбата не се одржа, според аналитичарката, тоа е сигнал за САД и нивните западни сојузници да повлечат линија пред овие четири државни, која никој не семее да ја помине. Како што се испостави, оваа линија поминува низ Сирија.

Политичарите во Вашингтон често ги проектира своите стравови, желби и недостаток на разбирање за другите, мислејќи дека другите се однесуваат на ист начин.
Таквата неспособност за самокритика и гледање на ситуацијата од поинаков агол се многу опасни и претставуваат опасност од сериозни грешки – на пример, трансформацијата на вооружениот конфликт во голема војна, вели авторот на текстот.

Соединетите Држави не го земаат предвид фактот дека немаат само тие црвени линии. Напаѓајќи ги националните и безбедносни интереси на други земји, без разлика дали станува збор за Русија или Кина, претседателот Трамп ризикува отворање на Пандорината кутија и поттикнување на другите моќни држави за заштита на сириската влада.
Кој е интересот на Кина во Сирија? Според некои извори, кинеската армија е веќе вклучена во зоната на конфликтот и се бори со илјадници ујгурски борци кои се дел од ИСИС или дел од Исламската партија на Туркистан.

Џихадисти во 2016 година организираа напад на амбасадата на Кина во Киргистан, а стравуваат дека следниот напад може да биде на кинеска територија или да биде насочен против кинеските гражани или објекти од национално значење во странство.

Ако ракетните напади на САД ја соборат владата во Дамаск и им овозможат на голем голем број опозициони групи, вклучувајќи ги џихадистите Ујгури да делуваат во Сирија, јасно е дека терористите ќе бидат во можност да продолжат да тренираат и да се вооружаат до заби да си одат дома во кинески Синчуан.

Главните цели на актуелното раководство во Пекинг се зачувување на територијалниот интегритет на земјата, како и на моќта на Комунистичката партија. Ако САД сака да создаде услови во кои ујгурските терористи мирно во Сирија можат да се подготвуваат за напад врз Кина, како што Ал Каеда подготвуваше напади на САД од Авганистан,на 11 септември, тоа би можело да го охрабри “Кинески змеј”, кој со сите свои капацитети ќе се спротивстави на таквата закана.

Пекинг е многу заинтересиран да ги заштити своите економски интереси. Кина едноставно не верува во Америка, која во својата стратегија за национална одбрана има за цел обиколување на оваа земја.
Кристина Лин е убедена дека заеднички вежби во последниве години на Медитеранот,Балтичкото и на Јужното Кинеско Море руските и кинеските војски му покажале на Вашингтон дека нема да се гледаат на страна ако САД одлучи да започне било каков напад. Иако не постои сојуз на овие земји, усогласувањето на Русија, Кина, Иран и Северна Кореја во новата “оска на злото” може да ги охрабри Москва и Пекинг да се приближуваат и понатаму.

Кинеските стратези веруваат дека засега притисокот на САД сеуште не го достигна нивото кое безусловно би барало сојуз на Кина со Русија, но таквата можност не се исклучува доколку Вашингтон стане поактивен.

Меѓутоа, САД не го земаат предвид ова. Како земја која во последните години не се соочила со војна на нејзината територија, вооружени конфликти Америка ги доживува повеќе како видео игра, и термини како “хируршки напад” само ја прикриваат бруталноста на она што се случува.
Иако војната за Американците е прилично лесен метод, поради географската одалеченост не се во можност да ги разберат сите потешкотии и ужаси кои ги носи војната и се склони да јанабљудуваат од далечина.

Не сите држави имаат таква среќа, голем број земји се запознаени со војната на своја територија и се подготвени да реагираат веднаш и жестоко на било каква воена закана.
Познатиот новинар Нафиз Ахмед ја предвиде во 2014 година руската интервенција во Сирија, во случај западните земји од борбата против ИСИС да се обидат да направат промена на режимот и на Башар ал-Асад, а на негово место постават исламисти кои би влијаеле на радикализација на муслиманите во Чеченија .

Пред да наредат ракетен напад, Доналд Трамп и неговата администрација треба да земе во предвид дека “зад дамскинскиот лав не е само руската мечка, туку и кинескиот змеј” и дека ризикуваат својот “хируршки напад” да го претворат во голема војна во Средоземното море,во која ќе се вклучат голем број моќни и големи земји вели аналитичарката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This