Кој лаже за реформите за медиуми- ЗНМ или Владата?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

При вчерашното гостување на Роберт Поповски, како министер за комуникации, водителот на емисијата на МРТ го запраша за случувањата од претходни денови кога ЗНМ ја обвини Владата на Република Македонија дека ги има изоставено реформите за медиуми во „План 18“.

-ЗНМ упати и барање до Владата на Република Македонија пред извесно време, пред 20-тина дена, со истите овие укажувања и размислувања дека наводно медиумските реформи треба да се вратат во „План 18“, одговори Поповски.

Министерот за комуникации, при гостување на емисија на МРТП, образложи дека медиумите никогаш не ни исчезнале:

„Значи оваа влада направи толку многу потези од самото доаѓање го укина владиното рекламирање, го олесни добивањето на документи од катастарот и од многу други институции што се пристапни до новинарите. Донесе одлука за поддршка за целосна поддршка на саморегулаторните механизми. Оваа поддршка што ја правиме за печатените медиуми сега е за нив. Но „План 3-6-9“ е едно, а „План 18“ е директна фаза за почеток на преговори“.

Но, да се потсетиме дека Селмани при гостување на една емисија образложи дека не очекувале дека ќе се случи во нацрт програмата на „План 18“ медиумските реформи нема да бидат дел бидејќи беше нагласено дека ќе ги има.

Затоа и побарале дури писмено објаснување и чекале една недела за да добијат објаснување, кое на крај не само што е апсолутно неприфатливо објаснување на владата туку и несериозно. Велат дека медиумските реформи ги нема затоа што ги завршиле.

Аргументацијата е дека Законот за аудиовизуелни медиумски услуги поминал на владина процедура и тоа што зависело од владата, работата е завршена, а тоа што парламентарното мнозинство во Собрание не сака да гласа или Законот е заглавен поради амандманите на опозицијата владата се оградува. Тој аргумент за ЗНМ не е прифатлив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This