КОЈ ЛАЖЕ И МАНИПУЛИРА СО ЧЛЕНСТВОТО НА СДСМ: Влатко Васиљ против Лиле од ДОМ, која ги прелажа членовите на СДСМ и повторно е на листа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наместо раст и билдање на позитивна и победничка атмосфера, колку што се изборите поблиску, толку е порасклимана атмосферата во СДСМ. Нема ден, а некој незадоволен да не се побуни затоа што го нема на листите или затоа што открил дека она што Заев му го ветувал нему, го ветил минимум и на уште 15 други луѓе, пишува zurnal.net.

vasilj-lile-dom

Ескалирањето на состојбата кое започна со објавувањето на пратеничките листи не запира. Последен во низата на бунтовници со причина е Влатко Васиљ, голем активист на СДСМ и до неодамна водечко лице на оваа партија на социјалните медиуми.

Веднаш по објавувањето на листите сфати дека го нема неговото име на нив, а таму се позицинирале активисти и интелектуалци кои или со прст не мрднале во битката на СДСМ или имале далеку помал уддел од неговиот. Па првичната реакција на твитерџијата Васиљ беше за Ферид Мухиќ и за дилемата колку неговото вклучување на листите на СДСМ на партијата ќе и’ донесе нови гласови.

На оваа забелешка на Васиљ веројатно требаше да и се чита меѓу редови: „Ако јас бев на листа, ќе ви донесев нови гласови“. Но, дека не се работи само за новите гласови кои ќе дојдат во СДСМ туку за лична желба за промоција и награда на трудот со пратеничко место се виде со неговата најнова реакција.

Влатко Васиљ е сега лут затоа што Лиле ДОМ (која ќе донесе по некој нов глас) иако најавила повлекување на недобитно место од листите застанала на позицијата 11 во изборната единица 1. Таа му е мета на Васиљ затоа што не верува во големата победа на СДСМ, а е на листата. За разлика од Васиљ кој верува, но не е на листа.

„Е сега, сакам да разјаснам уште една дилема што ја имам. СДСМ и коалицијата очекуваат историска победа во ИЕ1. Под историска победа подразбирам 11 па дури и 12 пратеници од нивната листа. И тоа е очекувано, истото го очекувам и јас, навистина голема победа во изборна единица 1 и воопшто во Скопје. Но, она што ме буни е следново: Како тогаш Лиле Дом неодамна изјави дека го жртвува добитното место од кое лично се повлекува, навестувајќи дека ќе биде на недобитна позиција и се најде на 11то место во изборна единица 1? Е сега се прашувам, дали Лиле не верува во тоа што СДСМ го очекува? Историска победа во оваа изборна единица? А ако не верува во таква победа, тогаш зошто едноставно е дел од групата што верува?

Да, знам. Ќе речете коалициони партнери, политика на компромиси и разни такви срања, ама сепак и покрај тоа мислам дека не можеш и не треба да бидеш на место во кое не веруваш дека е победничко. Тоа ми го отвара и прашањето – дали очекувањата на СДСМ се спротивни од верувањата на ДОМ? Не знам, но знам дека изборите ќе го покажат и дадат одговорот….

…Да напоменам дека НЕ САКАМ да го ситнам отпорот така да стоп за сите коментари од тој тип, туку едноставно сакам и барам логика којашто ја немам за случајов со Лиле и нејзината позиција на листите. А да, и стоп за курирци!“

Дали Лиле изиграла махерски или не, навистина ќе покажат изборите. Но дека Васиљ не изиграл махерски – го потврдуваат не само листите на кои не е, туку и ваквите испади со кои само ја изложува во јавност дисхармонијата која расте со секој нов ден во СДСМ.

ie1

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This